Prilog 1 logo INKLUZIVAM

 

Во рамките на Регионалниот проект „Преземи акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската Унија, Црвениот крст на Република Македонија во заедничко партнерство со Хуманост, од 1 до 3 јуни 2016 година организираа национален состанок на кој беше потпишана одлуката за формирање на неформална мрежа на граѓански организации за социјална инклузија на старите лица. Во мрежата ИНКЛУЗИВАМ членуваат следните организации:

 

  • Црвен крст на Република Македонија
  • Здружение Хуманост
  • Сојуз на здруженија на пензионери на РМ
  • Универзитет трето доба
  • Здружение Јустиција
  • Здружение за алцхајмерова болест
  • Здружение Сумнал
  • Локална агенција за развој
  • Организација на жени на општина Пехчево

 

Визија:

ИНКЛУЗИВАМ е национална, динамична и флексибилна мрежа, со членки кои даваат поддршка во креирање на  политики за социјално вклучување и активно стареење на старите лица. ИНКЛУЗИВАМ е препознатлив актер во грижата и  застапувањето на  потребите на  старите лица, со што придонесува за подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

 

Мисија:

ИНКЛУЗИВАМ има мисија да ги застапува правата на старите лица во сите сфери на општественото живеење, како основа за промовирање на политики  за активно стареење, како и нивна поголема социјална инклузија и интеграција во  општеството.

Активностите на мрежата се имплементираат во соработка и поддршка на Заводот за социјални   дејности, владини институции, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и истите ќе придонесат да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации да бидат активни актери во државата за застапување, лобирање и следење на активностите на национално и локално ниво, ќе дадат значителен придонес за решавање на предизвиците со кои се соочуваат старите лица. Преку формираната мрежа на граѓански организации, ќе може да се партиципира во политички дијалог со цел да се влијае врз процесите на креирање на политиките и носење на одлуките за подобрување на квалитетот на живеење на старите лица.