Автор: Inkluziva M Content admin

Завршна работилница „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“

Во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, од 25 до 27 јанузари 2019 година во Струга се одржа финална работилница во организација на Црвениот крст на РМ и Здружението Хуманост, партнери во проектот во Македонија. Целта за  одржување на финалната работилница беше да се заокружи тригодишната имплементација на проектните активности кои беа координирани од страна на Црвениот крст на Србија, а се реализираа во пет земји на Западен Балкан, Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот е финансиран со поддршка на Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст. На  финалната работилница учествуваа здруженија на граѓани – членки на мрежата ИнклузиваМ, здруженија на граѓани корисници на под грантови за имплементација на мали проекти за социјална инклузија на стари лица, претставници на Министерство за труд и социјална политика,  Институтот за јавно здравје, Институтот за социјална работа и социјална политика, градот Скопје и UNFPA. На финалната работилница присуствуваа и проектните координатори од Црвениот крст на Србија Наташа Тодоровиќ и д-р Милутин Врачевиќ. На отворањето на финалната работилница се обратија генералниот секретар  на Црвениот крст на Република Македонија д-р Саит Саити, како и извршниот директор на здружението Хуманост, Сашко Јованов. Тие го истакнаа значењето на  тригодишната имплементација на проектот кое позитивно се рефлектираше во нашата држава во насока на обезбедување приоднес во социјалната вклученост на постарите лица. На работилницата од...

Read More

Регионална конференција „Иницијатива за социјално вклучување на старите лица во Западен Балкан“

Во рамките на Регионалниот проект „Иницијатива за социјално вклучување на старите лица воЗападен Балкан“, на 11 и 12 декември 2018 година во Белград се одржа регионалнаконференција во организација на Црвениот крст на Србија. Целта за  одржување на конференцијата беше да сезаокружи тригодишната имплементација на проектните активности кои беа координираниод страна на Црвениот крст на Србија, а се реализираа во пет земји на ЗападенБалкан, Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. ВоМакедонија овој проект се реализираше преку Црвениот крст на РепубликаМакедонија во заедничко партнерство со здружението Хуманост. Проектот ефинансиран со поддршка на Европската унија, Австриската агенција за развој иАвстрискиот Црвен крст. На отворањето на конференцијата се обратија претседателотна Црвениот крст на Србија проф. др. Драган Радовановиќ, како и претставници наДелегацијата на Европската Унија во Србија и Австриската амбасада во Белград.Во текот на конференцијата на различни теми за прашања посветени за староста истареењето говореа претставници на ресорни министерства од Србија, претставник одтимот за човекови права на Обединети нации во Србија, претставници на меѓународнатаорганизација HelpAgeInternational, претставник на Меѓународната Федерација – Регионалнаканцеларија за Европа,  одговорен запрограмите за здравствена и социјална грижа на старите лица, како ипретставници на партнерите на проектот. Проектот започна со имплементација на 1 февруари 2016 година  како одговор на земјите на Балканот  за демографското стареење, со цел да се јакнат капацитетите на граѓанскиот сектор за да се обезбеди поддршка на старите лица за подобро социјално вклучување и учество...

Read More

“Сите сме нивни деца” -Координирани активности по повод “Недела на грижа за стари лица” во Куманово

По повод ,,Недела на грижа за стари лица” , во периодот од 19-23 Ноември 2018 година, втора година по ред “Јустиција” , Здружение на пензионери Куманово, Црвен крст Куманово, Здружение на дијабетичари Куманово, Црвен крст на Република Македонија, Хуманост како и националната мрежа за социјално вклучување на стари лица “Инклузива М” на која Јустиција е членка, ќе спроведат волонтерски повеќе заеднички активности. Придружете ни се во грижата за лицата во трето доба… Агенда: На ден 20.11.2018 (вторник), во 10.00 часот во просториите на Здружение на пензионери Куманово, ќе се спроведеакција за мерење на шеќер во крвта на лицата во трето доба заеднички со Здружение на пензионери Куманово, Црвен Крст Куманово и Здружение на дијабетичари Куманово. Истовремено ќе се поделат и одреден број на торбички за пазарење, како и брошурки за правата од социјална и здравствена заштита на старите лица. (донација за Јустиција од регионалниот проект “Акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од Европска унија , Австриски Црвен Крст, Австриска фондација за развој , Хуманост и Црвен крст на Република Македонија и мрежата Инклузива М) Во рамките на активноста “Јустиција” ќе подели форекси(слики на пластика) со мотиви на грижа за старите лица и благодарници за соработка и исклучителен придонес за унапредување на квалитетот на живот и условите за грижа и заштита на правата на лицата од трето доба во Општина Куманово. Благодарниците ќе бидат доделени на : г-н Спиридон Николовски Претседател на...

Read More

Работилница со претставници на медиумите

Црвениот крст на Република Македонија и Хуманост на 19 ноември 2018 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија организираа Работилница со претставници на медиумите, со цел нивно  запознавање со теми од значење за постарите лица, теми кои се опфатени преку членките на мрежата ИнклузиваМ, а во рамки на регионалниот проект „Преземање на активности за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија, и финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската Агенција за развој. На работилницата учествуваа претставници на медиумите, членови на мрежата ИнклузиваМ, здруженија на граѓани добитници на грантови за имплементација на малите проекти за социјална инклузија на старите лица, како и  претставници на владини институции кои обезбедуваат поддршка на мрежата. На работилницата беа споделени и резултатите од Истражувањето на тема: ,,Потреба од отворање на сервиси за социјални и здравствени услуги на старите...

Read More

Големина на буквите

  • A  A  A