Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи

Проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ е тригодишна иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст. Започна кон крајот на 2020 година, тој ги поврзува партнерите од националните друштва на Црвениот крст и здруженија на граѓани од Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Косово  и мрежите на здруженијата на граѓани во државите кои ги претставуваат постарите лица и лицата со попреченост. Црвениот крст на РСМ и здружението Хуманост се заеднички партнери во имплементација на проектните активности во Северна Македонија. Целта на проектот е постарите лица, лицата со попреченост, националните друштва на Црвен  крст и здруженијата на граѓани подобро да се справат со ситуацијата КОВИД-19 во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Косово. Со проектот се предвидени активности во одделни четири тематски области и тоа да се обезбеди зачувување на менталното здравје и градење на отпорност преку обезбедување на услуги за психо -социјална поддршка на старите лица и лицата со попреченост, да се обезбеди помош со готовински трансфер; зајакнување на локалните заедници преку обезбедување на поддршка на мали грантови за микропроекти на локално ниво за импелемнтација на различни активности за социјално вклучување за стари лица и лица со попреченост и обезбедување препораки базирани на докази...

Read More