Завршна работилница „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“

Во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, од 25 до 27 јанузари 2019 година во Струга се одржа финална работилница во организација на Црвениот крст на РМ и Здружението Хуманост, партнери во проектот во Македонија. Целта за  одржување на финалната работилница беше да се заокружи тригодишната имплементација на проектните активности кои беа координирани од страна на Црвениот крст на Србија, а се реализираа во пет земји на Западен Балкан, Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот е финансиран со поддршка на Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст. На  финалната работилница учествуваа здруженија на граѓани – членки на мрежата ИнклузиваМ, здруженија на граѓани корисници на под грантови за имплементација на мали проекти за социјална инклузија на стари лица, претставници на Министерство за труд и социјална политика,  Институтот за јавно здравје, Институтот за социјална работа и социјална политика, градот Скопје и UNFPA. На финалната работилница присуствуваа и проектните координатори од Црвениот крст на Србија Наташа Тодоровиќ и д-р Милутин Врачевиќ. На отворањето на финалната работилница се обратија генералниот секретар  на Црвениот крст на Република Македонија д-р Саит Саити, како и извршниот директор на здружението Хуманост, Сашко Јованов. Тие го истакнаа значењето на  тригодишната имплементација на проектот кое позитивно се рефлектираше во нашата држава во насока на обезбедување приоднес во социјалната вклученост на постарите лица. На работилницата од...

Read More