Во рамките на Регионалниот проект „Иницијатива за социјално вклучување на старите лица воЗападен Балкан“, на 11 и 12 декември 2018 година во Белград се одржа регионалнаконференција во организација на Црвениот крст на Србија. Целта за  одржување на конференцијата беше да сезаокружи тригодишната имплементација на проектните активности кои беа координираниод страна на Црвениот крст на Србија, а се реализираа во пет земји на ЗападенБалкан, Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. ВоМакедонија овој проект се реализираше преку Црвениот крст на РепубликаМакедонија во заедничко партнерство со здружението Хуманост. Проектот ефинансиран со поддршка на Европската унија, Австриската агенција за развој иАвстрискиот Црвен крст.

На отворањето на конференцијата се обратија претседателотна Црвениот крст на Србија проф. др. Драган Радовановиќ, како и претставници наДелегацијата на Европската Унија во Србија и Австриската амбасада во Белград.Во текот на конференцијата на различни теми за прашања посветени за староста истареењето говореа претставници на ресорни министерства од Србија, претставник одтимот за човекови права на Обединети нации во Србија, претставници на меѓународнатаорганизација HelpAgeInternational, претставник на Меѓународната Федерација – Регионалнаканцеларија за Европа,  одговорен запрограмите за здравствена и социјална грижа на старите лица, како ипретставници на партнерите на проектот.

Проектот започна со имплементација на 1 февруари 2016 година  како одговор на земјите на Балканот  за демографското стареење, со цел да се јакнат капацитетите на граѓанскиот сектор за да се обезбеди поддршка на старите лица за подобро социјално вклучување и учество во креирање на јавни политики за значење на нивната положба. Активностите на проектот вклучуваа јакнење и формирање на мрежи на граѓански здруженија со цел да се зајакнат нивните капацитети за застапување и носење на стратешки планови, истражување за социјална вклученост на старите лица во сите пет земји, јавни кампањи врз основа на подготвените анализи од истражувањата  за подобра вклученост на старите лица во општествените процеси за одлучување, обуки на старите лица во заедниците  на тема за нивните права и начинот на застапување за остварување на правата, како и поддршка на здруженија на граѓани за имплементација на мали иницијативи за вклученост  на старите лица во заедниците.

На конференцијата беа споделени постигнатите резултати од проектната имплементација во петте земји.  На конференцијата учествуваше делегација од Македонија која ја сочинуваа проектниот тим на Црвениот крст на РМ Љупка Петковска и Жаклина Поповиќ, Даниела Станојковска претставник од Заводот за социјални дејности, соработници во проектот и претставници на членките на мрежата ИнклузиваМ – Оливера Доцевска од Здружението Јустиција и Шеќеринка Ивановска од Здружението за алцхајмерова болест. Од страна на претставници на делегацијата беше направено претставување на резултатите од спроведената имплементација на проектните активности во Македонија, како и презентирани позитивни практики од реализација на малите проектни за социјална вклученост на старите лица  во заедниците. Од спроведените мали иницијативи во петте земји ќе биде публикувани брошури кои ќе бидат издадени на сите јазици на земјите учеснички во проектот.

На крајот на конференцијата беа дадени  предлози за одржлив развој на мрежите во петте земји, како и беше најавена можност за идно аплицирање на Регионален повик на Европската Унија кој се очекува да се објави следната година.

Во Македонија формирана е мрежа за социјална инклузија на старите лица  ИнклузиваМ – во која членуваат 9 здруженија на граѓани. Како резултат на успешно имплементираните активности, поттикнат е интерес за вклучување на нови четири здруженија на граѓани. Црвениот крст на РМ и здружението Хуманост во месец јануари 2019 година ќе организира завршен настан со цел да се  претстават  резултатите на тригодишниот регионален проект кој се имплементираше и во Македонија.