Регионална конференција „Иницијатива за социјално вклучување на старите лица во Западен Балкан“

Во рамките на Регионалниот проект „Иницијатива за социјално вклучување на старите лица воЗападен Балкан“, на 11 и 12 декември 2018 година во Белград се одржа регионалнаконференција во организација на Црвениот крст на Србија. Целта за  одржување на конференцијата беше да сезаокружи тригодишната имплементација на проектните активности кои беа координираниод страна на Црвениот крст на Србија, а се реализираа во пет земји на ЗападенБалкан, Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. ВоМакедонија овој проект се реализираше преку Црвениот крст на РепубликаМакедонија во заедничко партнерство со здружението Хуманост. Проектот ефинансиран со поддршка на Европската унија, Австриската агенција за развој иАвстрискиот Црвен крст. На отворањето на конференцијата се обратија претседателотна Црвениот крст на Србија проф. др. Драган Радовановиќ, како и претставници наДелегацијата на Европската Унија во Србија и Австриската амбасада во Белград.Во текот на конференцијата на различни теми за прашања посветени за староста истареењето говореа претставници на ресорни министерства од Србија, претставник одтимот за човекови права на Обединети нации во Србија, претставници на меѓународнатаорганизација HelpAgeInternational, претставник на Меѓународната Федерација – Регионалнаканцеларија за Европа,  одговорен запрограмите за здравствена и социјална грижа на старите лица, како ипретставници на партнерите на проектот. Проектот започна со имплементација на 1 февруари 2016 година  како одговор на земјите на Балканот  за демографското стареење, со цел да се јакнат капацитетите на граѓанскиот сектор за да се обезбеди поддршка на старите лица за подобро социјално вклучување и учество...

Read More