По повод ,,Недела на грижа за стари лица” , во периодот од 19-23 Ноември 2018 година, втора година по ред “Јустиција” , Здружение на пензионери Куманово, Црвен крст Куманово, Здружение на дијабетичари Куманово, Црвен крст на Република Македонија, Хуманост како и националната мрежа за социјално вклучување на стари лица “Инклузива М” на која Јустиција е членка, ќе спроведат волонтерски повеќе заеднички активности. Придружете ни се во грижата за лицата во трето доба…

Агенда:

На ден 20.11.2018 (вторник), во 10.00 часот во просториите на Здружение на пензионери Куманово, ќе се спроведеакција за мерење на шеќер во крвта на лицата во трето доба заеднички со Здружение на пензионери Куманово, Црвен Крст Куманово и Здружение на дијабетичари Куманово. Истовремено ќе се поделат и одреден број на торбички за пазарење, како и брошурки за правата од социјална и здравствена заштита на старите лица. (донација за Јустиција од регионалниот проект “Акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од Европска унија , Австриски Црвен Крст, Австриска фондација за развој , Хуманост и Црвен крст на Република Македонија и мрежата Инклузива М)

Во рамките на активноста “Јустиција” ќе подели форекси(слики на пластика) со мотиви на грижа за старите лица и благодарници за соработка и исклучителен придонес за унапредување на квалитетот на живот и условите за грижа и заштита на правата на лицата од трето доба во Општина Куманово. Благодарниците ќе бидат доделени на : г-н Спиридон Николовски Претседател на Здружение на пензионери Куманово, Секретар на Црвен крст на Куманово г-н Бојан Петрушевски, Секретар на Здружение на пензионери Куманово г-ѓа Јасмина Тодоровска, Здружение на пензионери Куманово, ОО Црвен крст Куманово, Здружение на дијабетичари Куманово.

На 22 Ноември во 17 .00 часот во просториите на Здружение на пензионери , адв.Оливера Доцевска од Јустиција ќе оддржи предавање за правата на располагање со имот и отуѓување на сопственост со договори за доживотна издршка, договор за поклон, тестамент и договор за располагање со имот за време на живот.

5-декември во 17 часот – во рамките на Недела на грижа за стари лица, во простории на Здружение на пензиoнери Кумановo, ќе се оддржи и поетско читање на “Јустиција” со Актив на жени на Здружение на пензионери Куманово(поетеси од Активот, како и реномирани поетеси од Куманово, ќе читаат поезија и проза на тема слободна со избор на извадоци од дела од омилени странски и домашни автори)

На 23 Ноември во 12.часот, петок, на Градски Плоштад Куманово, Јустиција ќе подели брошурки за правата на социјална и здравствена заштита на лицата од трето доба.

Во рамките на недела на грижа за старите лица предвидено е и посета на 12 стари и изнемоштени, социјално загрозени лица од Куманово и околните села, а воедно и донирање на прехрамбени пакети. Тоа се планира да биде спроведено во деновите 22 и 23 ноември со возило на Црвен крст Куманово – Црвен крст на Р.Македонија –
Општинска организација Куманово.