Црвениот крст на Република Македонија и Хуманост на 19 ноември 2018 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија организираа Работилница со претставници на медиумите, со цел нивно  запознавање со теми од значење за постарите лица, теми кои се опфатени преку членките на мрежата ИнклузиваМ, а во рамки на регионалниот проект „Преземање на активности за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија, и финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската Агенција за развој.

На работилницата учествуваа претставници на медиумите, членови на мрежата ИнклузиваМ, здруженија на граѓани добитници на грантови за имплементација на малите проекти за социјална инклузија на старите лица, како и  претставници на владини институции кои обезбедуваат поддршка на мрежата.

На работилницата беа споделени и резултатите од Истражувањето на тема: ,,Потреба од отворање на сервиси за социјални и здравствени услуги на старите лица,,.