“Сите сме нивни деца” -Координирани активности по повод “Недела на грижа за стари лица” во Куманово
По повод ,,Недела на грижа за стари лица” , во периодот од 19-23 Ноември 2018 година, втора година по ред “Јустиција” , Здружение на пензионери Куманово, Црвен крст Куманово, Здружение на дијабетичари Куманово, Црвен крст на Република Македонија, Хуманост како и националната мрежа за социјално вклучување на стари лица “Инклузива М” на која Јустиција е членка, ќе спроведат волонтерски повеќе заеднички активности. Придружете ни се во грижата за лицата во трето доба… Агенда: На ден 20.11.2018 (вторник), во 10.00 часот во просториите на Здружение на пензионери Куманово, ќе се спроведеакција за мерење на шеќер во крвта на лицата во трето доба заеднички со Здружение на пензионери Куманово, Црвен Крст Куманово и Здружение на дијабетичари Куманово. Истовремено ќе се поделат и одреден број на торбички за пазарење, како и брошурки за правата од социјална и здравствена заштита на старите лица. (донација за Јустиција од регионалниот проект “Акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од Европска унија , Австриски Црвен Крст, Австриска фондација за развој , Хуманост и Црвен крст на Република Македонија и мрежата Инклузива М) Во рамките на активноста “Јустиција” ќе подели форекси(слики на пластика) со мотиви на грижа за старите лица и благодарници за соработка и исклучителен придонес за унапредување на квалитетот на живот и условите за грижа и заштита на правата на лицата од трето доба во Општина Куманово. Благодарниците ќе бидат доделени на : г-н Спиридон Николовски Претседател на...
Read More