Месец: м.г

Состанокот со претставници на партнерите на регионалниот проект “Преземање акција за социјално вклучување на постарите лица”

Во рамки на Регионалниот проект “Преземање акција за социјално вклучување на постарите лица”, финансиран од Европската унија,  поддржан од Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст од 20-22 септември во Црвен крст на Србија, Белград се одржа состанок со претставници на партнерите на проектот. Проектот се реализира веќе трета година и во досегашниот период се постигнати значајни резултати во пет земји Македонија, Србија, Албанија Црна Гора и БиХ. Во Македонија партнери на проектот се Црвениот крст на РМ и Здружението Хуманост.  Целта на состанокот беше да се подготви план за акција за имплементација на активностите од последната фаза на проектот, кој меѓу другото вклучува подготовка на позитивни практики од имплементација на микро проектите во сите земји и регионална завршна конференција на која ќе се промовираат постигнатите резултати од проектот. Во текот на состанокот претставниците од сите партнери ги претставија досегашните постигнати резултати од проектот, како и плановите за активности до крајот на остварување на проектот. Исто така беа истакнати промените во земјите како резултат на имплементираните проектни  активности во изминатите две години. Беше потенцирано дека е многу значајно што со проектот беа зајакнати мрежите и се работеше на нивна натамошна одржливост во секоја земја. Од особено значење е што преку малите проекти, кои имаат огромно значење за активно вклучување на постарите лица,  се мотивираа граѓанските здруженија да станат членки на мрежите. Секој партнер говореше за видливоста на имплементацијата...

Read More

Едукативни работилници со граѓаните за човековите права на старите лица

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со здружението Хуманост како партнери во Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, во текот на септември и октомври 2018 година ќе организираат едукативни работилници со граѓани – постари лица во заедниците. Целта е преку едукативните работилници да се поттикнат постарите лица на локално ниво да развијат вештини, да стекнат знаења и да најдат мотивација за борба против социјалната исклученост и изолација и да учествуваат во културните, политичките и социјалните активности во нивните локални заедници, но исто така да се залагаат за различни прашања релевантни за  подобрување на нивниот квалитет на живот. Во организација на работилниците ќе бидат вклучени и членки на мрежата ИнклузиваМ – здруженија на граѓани кои преку своите програми придонесуваат за социјална вклученост на старите лица. Преку овие работилници ќе бидат опфатени вкупно 1000 граѓани – постари лица од заедниците од Скопје, Крива Паланка, Куманово, Битола, Прилеп, Струга, Охрид, Гостивар, Велес, Кичево, Радовиш, Неготино, Виница, Македонска Каменица и Пехчево. Првите работилници се одржаа на 09 и 10.09.2018 година во Крива Паланка и Куманово на кои присуствува над 140 граѓани кои искажаа задоволство за можноста да бидат поблиску информирани за човековите права на старите лица, како и начините за нивна вклученост и влијание во носење на одлуки за остварување на одредени...

Read More

Големина на буквите

  • A  A  A