На 21.06.2018 година, во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се одржа средба на на членките на ИнклузиваМ, преставници од Македонската платформа против сиромаштија и  г-ѓа Сејдефа Башиќ Чатиќ (Извршна директорка на здружението- Партнерство за јавно здравје од Босна и Херцеговина- Интернационален консултант за воспоставување на центри за активно стареење во Македонија).

На средбата беше преставен регионалниот проект „Превземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ и мрежета ИнклузиваМ од страна на Љупка Петковска од Црвен крст на РМ и Сашко Јованов од Хуманост.  Исто така професорката Сунчица Димитриовска ги престави резултатите од истражувањето за потребата од социјални и здравствени сервиси за старите лица.

Билјана Диковска претседателка на од Македонската платформа против сиромаштија (МППС) пред присутните членки ги претстави активностите предвидени за реализација во тековната 2018 година „Зајакнување на националниот капацитет за формулирање на сеопфатни програми во согласност со Мадридскиот интернационален план за активно стареење и промовирање на меѓугенерациска солидарност и Националната стратегија за стари лица, за периодот 2010-2020 година“ во соработка со МТСП.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) работи во насока на обезбедување на активно стареење и сака да промовира решенија на локално ниво. Партнерството е поврзано со имплементацијата на Програмата на УНФПА за периодот 2016-2020.

Емилија Робановска како Национален консултант пред присутните ги престстави досегашните реализрани посети и активнотсти поврзани со оваа активнсоти и отварањето на два дневни центра за активно стареење во Иситбањи, Виница и Чашка по моделот на дневните центри за активно стареење во Босна и Херцеговина.

Сејдефа Башиќ Чатиќ (Извршна директорка на здружението- Партнерство за јавно здравје од Босна и Херцеговина- Интернационален консултант за воспоставување на центри за активно стареење во Македонија) е ангажирана од страна на УНФПА да направи проценка и модел за отварање на  два центри за активно стареење во Македонија. Сејдефа пред присутните го презентираше моделот на центрите за активно стареење во Босна и Херцеговина  преку примери и слики , но и ја образложи и поддршката која ја добиваат од локалната самоуправа.

По презентацијата на Сејдефа се отвори дискусија каде што членките на ИнклизваМ ги презентираа своите активности поврзани со страрите лица  и поставуваа прашања до Сејдефа за функционирањето на дневните центриз а активно стареење.

ИнклизваМ во инина ќе воспостави соработка со МППС и ќе ги превзема искуствата од отворените два центри за активно стареење се со цел да се отворат повеќе вакви сервиси на Национално ниво.