Третата работилница на Играта Еко Не Лути Се Човече се одржа на 12.06.2018 година, каде група на стари и млади лица заедно со претставници на Еко Логик ,Хуманост и ХуманС имаа можност интреактивно да се дружат, забавуваат и натпреваруваат во природа.
Играта Еко Не Лути Се Човече и истоимениот прирачник за играта, се изработени во рамките на проектот „Социјална вклученост на стари лица преку интергенерациска размена на знаења и вештини со млади лица“, проект кој го спроведува Здружението на граѓани Еко Логик. Овој проект е реализиран со поддршка од регионалниот проект “Превземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, кој е финансиран од страна на Европската Унија, Австриската развојна агенција, и Австрискиот Црвен Крст.Имплементатори во Македонија се организациите Црвен Крст на Република Македонија и Хуманост.

линк до објава https://www.facebook.com/EcoLogic.mk/