Тринаесеттата (XIII)  работилница во текот месец мај се одржа на 04.05.2018 година со почеток во 14:00 часот на тема  Намалување на отпадот и не /употребата на пластика  на истата учествуваа 15 лица од заедницата од кои 12 стари лица и 3 млади лица од заедницата. Оваа работилница ја одржа Лиле Таневска од ДВВ интернационал .

На работилницата стана збор за заштита на животната средина, чистата околина и селектирање на отпадот од домаќинствата.  Проблемот од не селектирањето на отпадот од домаќинствата и фрлањето на истиот во иста канта. Загадувањето од истиот , не соодветната дистрибуција до  регионалните депонии.

Начинот како може да се спречи загадувањето на средината со подигнување на свеста кај граѓаните посебно за употребата на пластиката ( пластични чаши, кеси и други слични производи изработени од пластика) дека доколку таа се селектира од останатиот отпад и се рециклира тогаш може да се спречи загадувањето на водата, почвата од ваквиот тип на загадување кој е многу опасен по животот на луѓето и животинскиот свет.

Се укажа на тоа дека подобро е да се користи стаклен бокал за вода или друга течност и било кој друг производ изработен од друг материјал освен пластика бидејќи самиот материјал од пластика испушта штетни материи. Кога се оди да се пазари најсоодветно е да се носат платнени торби наместо да се користат кеси. Интересна работилница за старите лица во кој се разви заедничка интерактивна дискусија.

Четиринаесеттата (XIV)  работилница во текот месец мај се одржа на 07.05.2018 година со почеток во 14:00 часот на тема  Здравствено осигурување  на истата учествуваа 25 лица од заедницата од кои 14 стари лица и 11 млади лица од заедницата. Оваа работилница ја одржа Дијана Петреска од Фонд за здравствено осигурување.

На оваа работилница се разговараше за здравственото осигурување и се она што законски им се нуди на старите лица, а кој се покрива преку Фондот за здравствено осигурување.

Стана збор и за тоа како невработените лица можат полесно да дојдат до здравствено осигурување односно преку пополнување на образец-барање за невработени лица.

Воедно  се разговараше и за тоа дека старите лица може да користат бесплатни услуги од типот на ортопедски помагала, појаси за половина, очила , апартчиња за слушање,  како и за правата и услугите на старите лица.

Присутните отворија интерактивна дискусија со предавачот и разговораа за сите нејаснотии околу темата која што се предаваше и за тоа како истите да се надминат и за тоа како полесно тие да дојдат до услугите кои државата ги нуди и се наменети за ни, а некогаш се соочуваат со проблеми и пречки.

Петнаесетата (XV) работилница се одржа на 08.05.2018 година во просториите на Сумнал  со почеток во 14:00 часот на тема Ѓурѓовден, и на истата учествуваа 20 лица од заедницата од кои 5 млади лица и 15 стари лица.

На работилницата стана збор за тоа што значење има празникот Ѓурѓовден кај ромското население и како истиот се празнува кај оваа етничка заедница.

Работилницата ја одржа Ферди Османи.

Со старите лица се разговараше за тоа кои се обичаи и адети се прават на овој празник кој го нарекуваат празник на природата и животот како и преминот од зима кон лето. Со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден, период кога оживува природата а на луѓето им претстои многу работа. Во секоја ромска куќа се коле јагне за курбан и се изведуваат многу обичаи за здравје и бериќет.

За време на овој празник се оди на излет, се чекаат гости и се чистата куќите. Младите девојки плетат венчиња од цвеќе и го навестуваат со тоа празникот. Овој празник се слави три дена и кај ромското население е од големо значење. Старите лица преку дискусии раскажуваа и за тоа дека од памтивек памтат дека тоа е нивен празник.

Шеснаесеттата (XVI) работилница се одржа на 09.05.2018 година во 14 часот во просториите на Сумнал. Предавач на работилницата беше Мустафа Јакупов од РРОМА организацијата, на тема Роми жртви на холокаустот- перспективни за младите Роми во процесот на европска интеграција. На работилницата присуствуваа 25 лица од кои 4 млади и 21 стари лица.

Во текот на месец мај започна со реализација и петата активност предвидена со проектот, а тоа е пишување на сценарија за 10 кратки документарни филмови од старите лица. Младите заедно со старите преку разговор дискутираа на кои теми и што истите ќе дадат изјава за документарниот филм. Кратките документарни филмови ќе содржат кратки изјави од старите лица.