Во периодот од 20-22 април 2018 година во хотел Солфирино, Струга состанокот на членките на ИнклузиваМ  мрежата. Состанокот го отворија Љупка Петковска од Црвениот крст на РМ и Емилија Робановска од Хуманост. На привот работен ден се споделија информациите за постигнатите резултати при имплементација на проектот „Превземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ со забелешка дека досегашните проектни активности имаат навистина голема видливост и дека активностите беа спроведувани без поголеми пречки.

На воведното излагање, гостинката од Црвениот Крст на Србија –партнер во имплементација на регионалниот проект, Наташа Тодоровиќ имаше свое обраќање,  која се заблагодари на поканата и го искажа своето задоволство од работењето на Македонските партнери во проектот Здружението Хуманост и Црвениот Крст на РМ. Наташа ја пофали најголемата видливост на страната на ИнклузиваМ споредба со другите регионални партнери и даде забелешка дека целата содржина на таа страна треба да се преведува на англиски и да се става на страната на регионалниот проект за да може содржините да ги прочитаат и донаторите.

Исто така беа претставени тековните активности на Црвениот Крст како и на Здружението Хуманост во насока на социјална инклузија на старите лица.

Вториот ден активностите продолжија со презентација на преставничката на Црвениот Крст на Србија, Наташа Тодоровиќ на тема Правата на старите лица. Презентацијата започна со одговор на најбитното прашање а тоа е зошто е потребно да се знаат правата на старите лица. Дека правата на старите лица се динамична и променлива категорија. Кои се правата на старите и лица и во колкава мера тие се почитуваат во Србија. Детектирањето на проблеми со остварување на поединечни права како и недоволната информираност на старите лица во однос на нивните права и осварување на истите. Исто така беше потенцирано дека има институции како на пример еден здравствен дом во Белград кој е оценет како најдобар, таму нема никакви критики од старите лица по нити еден основ и сите тендираат да одат таму затоа што има добра и квалитетна услуга а сепак другите не го превземаат примерот како насока и водилка за пренесување на добро искуство во практика. Заклучокот е дека несомнено може да се остваруваат и добри резултати во поглед на правата на старите лица но добрите практики треба да се имплемнтираат во повеќе сектори и да се работи на сеопфатно информирање и континуирано анализирање на ситуацијата на терен. Исто беше спомнато дека нема податоци за насилство над жените постари од 40 години и дека нема анализа која би покажала во колкава мера е тоа застапено а теренските посети покажуваат огромна бројка на злоупотреба на старите жени. Како насилници најдоминантно се појавуваат членови на семејството. Интересен момент е што во последниот период најзастапен вид на насилство над старите лица е финансиското за кое постојат многу дилеми и различни ставови дали тоа е вистинско насилство или не. Беше спомнато дека административните процедури за остварување на некое право на старите лица го отежнуваат целиот процес и придоенсуваат во насока на нереализација на истите со што се сложија и присутните дека истиот случај е и во Македонија.

Наредната презентација беше на претставникот од МТСП, Зоран Блажевски кој исцрпно и во детаљи го објасни системот за социјална заштита на РМ.

Претставничката на УНФПА, Соња Таневска говореше за новините во работењето на УНФПА во однос на стареењето и за соработката со Македонската платформа против сиромаштија во проектот за отворање на дневни центри за активно стареење, проект веќе имплементиран во Сараево каде УНФПА се јавува како партнер а сега во РМ преку МППС ќе се обиде да го имплементира. После теоретската презентација следеше поделба во три групи на учесниците на кои им беше поделена Лисабонската декларација која ја анализираа и на крај презентираа во кои нејзини полиња се пронаоѓаат, во кои веќе учествуваат преку различни активности и каде во иднина можат да работат.

Професорката Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје го презентираше предлог планот за здраво и активно стареење кој беше изготвен во 2017 год во соработка со СЗО, Министерството за здравство, МТСП и организациите кои работат во доменот за заштита на старите лица. Иако овој план беше макотрпна работа и беше предложен на Владата за усвојување сепак бил оценет како неприоритетен во моментов но не и отфрлен што значи дека во иднина има можност за негова реализација.

 

После претставувањата и презентациите на претставниците на институциите следеа презентациите на постигнатите резултати на малите проекти за социјална инклузија на старите лица од организациите добитници на грантови.

Кратки презентации следеа од следниве организации-грантисти:

-Виножото, Радовиш,

-СУМНАЛ,

-Центарот на заедницата на општина Центар,

-ЛАР, Струга,

-Организацијата на жените на Пехчево,

-Гешталд

– Центар на заедницата на општина Центар

Последниот ден од состанокот беше заокружен со презентацијата на проф. Сунчица Димитријоска од Институтот за социјална работа и социјална политика на тема Обезбедување на квалитетни услуги на старите лица. Заклучок е дека старите лица имаат потреба од услуги во секој домен од нивното живеење но треба многу да се внимава како тие услуги ќе бидат креирани и дали соодветствуваат со нивните реални потреби и барања. Не е доволно услугите само да бидат документирани туку многу позначајна е нивната реална примена во секојдневниот живот.

На крај се остави простор за дискусија и споделување на мислења од страна на учесниците кои едногласно се сложија дека проектот има огромна успешност, активностите се реализираат според планираното и дека одзивот и заинтересираноста за истите е оргомна на задоволство на сите.