Координаторот на проектот “Преземање на акција за социјално вклучување на постарите лица” во периодот од 19 до 22 април 2018 година беше на посети во Македонија.

За време на посетата, првите два дена се фокусираа на  состаноци и активности со Црвениот крст на Македонија и Здружението Хуманост, како партнери во проектот и координитори на  работата на мрежата ИнклузиваМ.

Разговорите со партнерите се фокусираа на досегашното спроведување на проектот и на идните планови за интензивирање на социјалната вклученост на постарите лица.

Во рамките на посетата, координаторот на Црвениот крст на Србија, Наташа Тодоровиќ, го посети еден од дневните центри во Скопје, каде што постарите луѓе имаат редовна програма за дружење, а покрај активностите за здравствена заштита и образование, постарите луѓе користат техники на сликарство како пат кон социјално вклучување. Членовите на овој центар учествуваа на натпреварот организиран од Македонска пошта минатата година и го освоија првото место со избраниот дизајн за нов пост печат.

Покрај посетата на дневниот центар, Наташа Тодоровиќ, исто така, ја посети и Приватниот дом Идила-Терзиева кој има згрижено  76 корисници.