Месец: м.г

Национален состанок со членките на мрежата ИнклузиваМ

  Во периодот од 20-22 април 2018 година во хотел Солфирино, Струга состанокот на членките на ИнклузиваМ  мрежата. Состанокот го отворија Љупка Петковска од Црвениот крст на РМ и Емилија Робановска од Хуманост. На привот работен ден се споделија информациите за постигнатите резултати при имплементација на проектот „Превземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ со забелешка дека досегашните проектни активности имаат навистина голема видливост и дека активностите беа спроведувани без поголеми пречки. На воведното излагање, гостинката од Црвениот Крст на Србија –партнер во имплементација на регионалниот проект, Наташа Тодоровиќ имаше свое обраќање,  која се заблагодари на поканата и го искажа своето задоволство од работењето на Македонските партнери во проектот Здружението Хуманост и Црвениот Крст на РМ. Наташа ја пофали најголемата видливост на страната на ИнклузиваМ споредба со другите регионални партнери и даде забелешка дека целата содржина на таа страна треба да се преведува на англиски и да се става на страната на регионалниот проект за да може содржините да ги прочитаат и донаторите. Исто така беа претставени тековните активности на Црвениот Крст како и на Здружението Хуманост во насока на социјална инклузија на старите лица. Вториот ден активностите продолжија со презентација на преставничката на Црвениот Крст на Србија, Наташа Тодоровиќ на тема Правата на старите лица. Презентацијата започна со одговор на најбитното прашање а тоа е зошто е потребно да се знаат правата на старите лица. Дека...

Read More

Посета на координаторот на проектот

  Координаторот на проектот “Преземање на акција за социјално вклучување на постарите лица” во периодот од 19 до 22 април 2018 година беше на посети во Македонија. За време на посетата, првите два дена се фокусираа на  состаноци и активности со Црвениот крст на Македонија и Здружението Хуманост, како партнери во проектот и координитори на  работата на мрежата ИнклузиваМ. Разговорите со партнерите се фокусираа на досегашното спроведување на проектот и на идните планови за интензивирање на социјалната вклученост на постарите лица. Во рамките на посетата, координаторот на Црвениот крст на Србија, Наташа Тодоровиќ, го посети еден од дневните центри во Скопје, каде што постарите луѓе имаат редовна програма за дружење, а покрај активностите за здравствена заштита и образование, постарите луѓе користат техники на сликарство како пат кон социјално вклучување. Членовите на овој центар учествуваа на натпреварот организиран од Македонска пошта минатата година и го освоија првото место со избраниот дизајн за нов пост печат. Покрај посетата на дневниот центар, Наташа Тодоровиќ, исто така, ја посети и Приватниот дом Идила-Терзиева кој има згрижено  76...

Read More

Големина на буквите

  • A  A  A