Месец: м.г

И старите можат-проектна иницијатива на Локалната агенција за развој, Струга

Проектната иницијатива „И старите можат“ ја имплементира Локалната агенција за развој, Струга. Проектните активности се насочени кон бесплатни предавања од областа на медицината, часови за здраво готвење, психофизички вежби наменети за возрасни лица, дружење и убави корисни активности за сите над 60 години од Охрид, Струга, Дебарца. Проектната активност ќе се реализира од јануари до мај 2018. Проектната иницијатива е во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, Црвениот крст на Република Македонија и здружението Хуманост како зеднички партнери во проектот, во активноста доделување на мали грантови на здруженија на граѓани. Имплементирани активности: Декември Почетни средби со засегнати страни и промоција на проектот. Проектниот тим имаше средби со Здруженијата на пензионери од Охрид и Струга, Црвениот Крст во Охрид и Струга, Н.У. Музеј „Др. Никола Незглобински“ од Струга, Здружение на жени „Бисера“ од Охрид, Здружение на жени „Езерка“ од Струга и индивидуални постари граѓани кои беа информирани за проектот. Во разговорите со нив беа идентификувани темите за кои тие би сакале повеќе да дознаат (во врска со медицинските предавања) и можни термини на одржување кои им одговараат. 13 Декември – Катерина Василеска имаше настап на локалната ТВМ во главните вести каде го промовираше проектот. Беа изработени флаери и постери кои беа објавени преку социјалните мрежи за да допрат...

Read More

Градиме подобра иднина- проектна иницијатива на здружението Сумнал

Малиот проект „Градиме подобра иднина“ се имплементира од страна на здружението Сумнал. Проектната иницијатива е во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, Црвениот крст на Република Македонија и здружението Хуманост како зеднички партнери во проектот, во активноста доделување на мали грантови на здруженија на граѓани. Главни активности на проектот  А 1: Информирање на заедницата и креирање на листи со учесници во проектот од стари исклучени лица под социјален ризик и млади припадници на ромската заедница; А 2: Уредување на простор за социјален клуб за социјализација и дружење на старите лица, спроведување на едукација и обуки за активно учество; А 3: Дизајнирање и спроведување на сет  од 20 заеднички обуки за користење интернет и паметни телефони А 4: Спроведување на сет од 20 тематски работилници; А 5: Заедничка работа во пишувањето на сценарија и избор на теми за 10 кратки документарни филмови; А 6: Организација и спроведување на 10 јавни настани за промоција на кратките документарни филмови во 6 различни градови на Република Македонија каде доминантно живее ромското население. Реализирани активности во рамки на проектот ноември-декември: Ноември: Во текот на месец Ноември освен што технички се завршуваа активностите во рамки на проектот кои беа предвидени како што се : Прва недела од ноември се одржа состанок со претставници...

Read More
  • 1
  • 2

Големина на буквите

  • A  A  A