Универзитет трето доба Скопје и социјална инклузија на старите лица- проектна иницијатива на Здружение за алцхајмерова болест.

Проектната иницијатива е во рамките на регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Република Македонија и здружение Хуманост од Скопје, мрежа Инлузива М, како зеднички партнери во проектот)

Опис на проектот:

Проектот “Универзитет трето доба Скопје и социјална инклузија на старите лица”, има за цел креативно оспособување и едукација на старите лица за поголема социјална инклузија во активностите на заедницата.

Преку активностите на овој проект, а тоа се работилници и предавања за лицата од трето доба, ќе стекнат зголемување на способностите да бидат помотивирани и креативни, исто така и способни да се вклучат покреативно во осмислување на својот живот и креативно слободно време. Да создаваат креативни производи за себе и за другите, да се чувствуваат повеќе исполнети и задоволни. Можат да си помогнат на самите себе, да дадат совет на свои блиски стари лица и креативно да го исполнат слободното време. Тие ќе ги зголемат своите знаења за подобрување на здравствената состојба,  како подобро да се грижат за сопственото здравје и да го подобрат квалитетот на исхрана преку познавање на начините и видови на здравата храна.

Како резултати на проектот се очекуваат: 200 стари лица ќе се стекнат со знаење и развивање на сопствените вештини и таленти  за: 1- ликовно,  музичко и уметничко остварување (25 лица), 2- градинарство, овоштарство и здрава храна (25 лица), 3- физички вежби, јога и медитација (25 лица), 4) психологија на успехот за лицата од трето доба. Сите тие ќе се здобијат со оспособување и развивање на креативните способности за поактивна и покреативна вклученост во заедницата. И 200 стари лица (на предавањата) ќе бидат информирани и едуцирани за проширување на своите вештини во областите кои беа наведени. Со ова би придонеле кон нивна поактивна и покреативна вклученост во општеството.

На работилниците тие ќе се збогатат со знаење од стручни  лица од соодветната област. Тие ќе бидат креативни и мотивациски за поголемо изразување и остварување.

На крајот од проектот е планиран завршен настан во месец Август 2018 – на кој ќе бидат промовирани најдобрите остварувања во сите области. Секој учесник ќе може да гласа за најдобрите и секој учесник во работилниците ќе добие Цертификат за учество, а најдобрите ќе добијат пофалници и скромен поклон. Ќе се организира Изложба на успешните дела на учесниците во работилниците од уметничката креативност, во Уметнички салон ,,Ко-ра” во Дом на градежниците , Плоштад Слобода- Скопје.

Реализиарни активности:

Работилници:

  • Креативна работилница за правилна и здрава исхрана на 05.02.2018 Даре Џамбаз. Водители на работилницата Сашо Дрвошански(нутриционист), и професор Шеќеринка Ивановска, др. Д. Илиевски.
  • Работилница за креативна изработка на уметнички ракотворби 27.01. 2018 Даре Џамбаз. Организатори професор Дончо Донев, др. Драган Илиевски, Ратка Павлова, уметник.
  • Креативна работилница за ликовно изразување и ликовни творби во склоп на проектот социјална инклузија на лица од трето доба, организатор професор др. Шекеринка Ивановска. 15.01.2018  во Даре Џамбаз, и гост на работилницата уметник Стојче Тоциновски..
  • Креативна работилница за поезија 23.12.2017. Промоција на универзитетот трето доба и Даре Џамбаз. Во склопот на проектот социјална инклузија на лица од трето доба во општеството. Организатори: професор др. Дончо Донев, др. Д Илиевски и поетесите Елена Пренџова, Ирена Јурчева.

Предавања:

  • Креативно предавање за здрава храна за лицата од трето доба во Даре Џамбаз, 05.02.2018, проф д-р Шекеринка Ивановска на тема: Здравата исхрана за здрав и покреативен живот на лицата во трето доба.
  • Креативно предавање за здрава храна во склоп на проектот социјална инклузија на лица од трето доба (др Драган Илиевски, Сашо Дрвошански-нутриционист), на Универзитет трето доба, Скопје, 23.01.2018.
  • Креативно предавање за Поектот социјална инклузија на лица од трето доба, проф. д-р Дончо Донев,  на 27.01.2018, во Даре Џамбаз, Скопје. Тема : Работа и одмор, слободно време и хоби во трето доба.
  • Креативно предавање на Универзитет Трето доба Скопје, 17.11.2017. проф д-р Шекеринка Ивановска на тема: УМЕТНОСТА И КРЕАТИВНОСТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА ЗА НИВНА ПОГОЛЕМА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО.
  • Креативно предавање на Универзитет Трето доба Скопје, 17.11.2017. проф д-р Дончо Донев на тема: МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ, ИНТЕЛЕКТУАЛНИТЕ И КРЕАТИВНИ СПОСОБНОСТИ ВО ТРЕТО ДОБА.