Социјална вклученост на стари лица преку интеграциска размена на знаења и вештини со млади лица проектна иницијатива на здружение Еко Логик

Проектната иницијатива е во рамките на регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Република Македонија и здружение Хуманост од Скопје, мрежа Инлузива М, како зеднички партнери во проектот)

Старите лица се ретко се повикани и/или вклучени  во јавни настани, дискусии за секојдневни теми/проблеми, забавни работилници, дружење со деца и/или млади луѓе со цел размена на меѓугенерациски мислења, искуства, и знаење во разни теми, со акцент на темата екологија во и надвор од домот . Ова се должи и на недоволната информираност на старите лица, но и на инертноста на организациите и/или младите лица за вклучување на старите лица во дел од секојдневните активности во дадено општетсв и/или заедница.

Немањето на одржливи, забавни и ефикасни алатки кои се специјално креирани со цел размена на знаења и вештини, како и изучување на функционалноста и работењето на дигитални и информациски технологии. Идејата е да се креира и тестира алатка која ќе ги здружи помладите и постарите генерации,  и ќе потпомогне за воспоставување и подобрување на социјалните врски помеѓу истите.

Активност 1: Информативни состаноци

Активност 2: Креирање на концепт на работилници, стратегија за комуникација и промоција, и начин на имплементација на замислените проектни активности

Активност 3: Објавување на повик за учество на стари лица во проектните активности

Активност 4: Креирање на алатка во форма на игра за стимулирање на дискусија и споделување на мислења, искуство и меѓугенерациско знаење помеѓу стари и млади лица

Активност 5: Објавување на повик за учество на даватели на нега за стари лица во проектните активности

Активност 6: Креирање на флаер, постер и останати промотивни материјали за учесниците и нивна дистрибуција во таргет општината на проектот

Активност 7: Работилници со стари и млади луѓе, вклучувајќи и даватели на нега на стари лица со цел тестирање на креираната алатка за стимулирање на дискусија и трансфер на искуства, мислења и меѓугенерациски знаења и вештини, вклучувајќи и запознавање на старите лица со функционирањето на апликации за комуникација (Viber, What’s Up, Skype и други) и апликации за олеснување на реализацијата на секојдневните обврски (онлајн плаќање и проверување на сметки, онлајн нарачување на секојдневни продукти во домаќинството, проверка на возен ред на градскиот јавен транспорт, настани за стари лица, итн.).

Спроведени активности:

Активност 1: информативни состаноци со претставници на граѓански организации со цел промовирање на проектот и дискутирање на темата и целите на проектот. Идејата на оваа активност е да се промовира проектот и неговите активности, цели и резултати со цел да се рашири идејата за интеграција на иновативни алатки на тема неформално образование кои иницираат дружење, дискусија и размена на знаење.

Активност 2: Креирање на концепт на работилници, стратегија за комуникација и промоција, и начин на имплементација на замислените проектни активности. За оваа активност консултации со експерти во полето на неформално образование беа одржани, во повеќе наврати

Активност 3: Објавување на повик за учество на стари лица во проектните активности. Оваа активност е започната, меѓутоа методот на комуникација е променет. Наместо објавување на повик за ангажирање на стари лица, комуникацијата со старите лица е започната лично, со цел да се добие поголема ефективност.

Активност 4: Креирање на алатка во форма на игра за стимулирање на дискусија и споделување на мислења, искуство и меѓугенерациско знаење помеѓу стари и млади лица. Алатката наречена “Не лути се еко човече“ е завршена и истата е во фаза на тестирање, по што ќе бидат организирани планираните работилници со таргет групите

Активност 5: Објавување на повик за учество на даватели на нега за стари лица во проектните активности – Оваа активност е започната, меѓутоа методот на комуникација е променет. Наместо објавување на повик за ангажирање на негователи, комуникацијата со нив е започната лично, со цел да се добие поголема ефективност. За оваа таргет група во наредниот период ќе има објавено официјален повик / соопштение за вклучување во планираните работилници.