Самодовербата и социјалната инклузија, предуслов за достоинствено стареење- проектна иницијатива на Здружение за асистивна технологија Отворете ги прозорците Скопје.

Проектната иницијатива е во рамките на регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Република Македонија и здружение Хуманост од Скопје, мрежа Инлузива М, како зеднички партнери во проектот)

Резиме

Стареењето на населението во целиот свет е тренд што предизвикува бројни предизвици.     Развојот на технологиите од друга страна е рапиден и дополнително го продлабочува јазот за старите лица да се вклучат активно во општествените текови. ИКТ претставуваат предизвик за постарите граѓани, не само поради брзиот развој на технологиите, туку и заради физичките ограничувања на постарите. На пример, пристапот до компјутерот може да претставува пречка за постарите лица поради отежнатата моторика и перцепција, што може да се надмине со користење асистивни технологии. Доколку им се овозможи пристап на постарите лица до ИКТ, тие полесно би можеле да ги надминат предизвиците за учење на ИКТ и да имаат корист од можностите што ги нуди.

Отворете ги прозорците креираше проект кој ја користи ИТ технологија  да овозможи старите лица да останат активен и составен дел на општеството, во согласност со нивните интереси и способности, и да се овозможи искористување и целосен развој на нивните потенцијали, во средината во која живеат.

Планирани активности за имплементација на одобрениот проект

  • Идентификација на потенцијални учесници и подготвителни активности

Ќе се идентификуваат стари лица и ќе се утврдат нивните потреби за користење компјутер, вклуќувајќи и асистивна технологија. Исто така, во овој период ќе се утврдат и темите за обуките за осовни ИКТ вештини.

  • Работилници за основни ИКТ вештини

На работилниците ќе се работи на основно користење на програми за пишување и основно користење на интернет (пребарување информации/фотографии, користење на е-маил, социјални мрежи и сл.).

  • Работилници за е-изработки, како списанија, што вклучуваат различни теми претходно утврдени со учесниците.

Со оваа активност учесниците ќе добијат шанса тоа што го научиле да го искористат во пракса и да изготват производи кои што ќе можат да ги презентираат пред поширока публика.

  • Настан за презентација на изработките пред поширока публика.

Ќе биде организиран јавен настан на кој ќе бидат презентирани постигнувањата на учесниците на работилниците за е-изработки.

Имплементирани активности 

  • Подготвителни активности

Првите два месеци од реализација на проектот беа за подготвителни активности.  Тимот на Отворете ги прозорците составен од едукатори и ИТ специјалист подготвија: програма за работа, прашачник за проценка на познавање на ИТ вештини, прашалник за проценка на можностите на старите лица и прилагодување на материјалните за потенцијалните учесници.

  • Идентификација на потенцијални учесници

Тимот на Отворете ги прозорците, направи мало истражување да ги идентификува потенцијалните корисници на проектот. Тимот стапи во комуникација со  Универзитетот „Трето доба“  и беше договорено во месец јануари, да го претстави проектот на редовните средби на членовите на Филозофскиот факултет во Скопје, за да обезбеди учесници во проектот. Непосредно пред почетокот на презентацијата средбата беше откажана, со што беше откажано и учеството на нивните членови во проектот. Поради тоа, беше одложен и стартот на сесиите, односно на работилниците за стекнување основни ИТ вештини за во месец февруари.

Тимот кој работи на проектот, по неможноста да се договори со „Универзитетот Трето доба“, воспостави комуникација со Здружението на пензионери на Општина Кесела вода и успеа да се договори да го мобилизираат своето членство и да обезбедат учесници во проектот. Првите работилници се очекува да се стартуваат во првата половина на месец февруари.