Центарот на заедницата на Општина центар како имплементатор на проектот “Социјализација на стари лица“ на 17.01.2018 година во свечената сала на ООУ J.Х. Песталоци почна со реализација на бесплатни физикални вежби наменети за возрасните лица од Општина Центар. Целта на оваа активност е да ја подобриме физичката активност и физичкото здравје на возрасните од нашата општина како и да го унапредиме нивниот социјален живот. Оваа активнпост е дел од предвиденитете активности во рамките на овој проект.

Центарот на заедницата на Општина центар во соработка со Општина Центар продолжува да се грижи за социјалниот живот на повозрасната категорија на граѓани.

Ги покануваме сите заинтересирани возрасни граѓани од Општина Центар да се приклучат кон оваа активност и да присуствуваат на наредната средба закажана за 29.01 2018г во 18 часот во О.О.У Ј.Х. Песталоци. Сите заинтересирани своето учество може да го потврдат на 3203 680 или bisera.kajmakoska@cccentar.mk

Овој проект е дел од Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија и финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската Агенција за развој, а имплементиран од Црвениот крст на Македонија и Здружението Хуманост како заеднички партнери во проектот.

Имплементирани активности:

Ноември

  • Информативни состаноци со претставници од целните групи (постари лица, претставници од Здружението на пензионери на Општина Центар, едукатори за ИТ и физички вежби) – Ноември 2017, Декември 2017, Фебруари 2018 (10 лица)

Декември

  • Информативни состаноци со претставници од целните групи (постари лица, претставници на членовите на Здружението на пензионери на Општина Центар, млади едукатори компетентни за дигиталната и информатичката технологија и сл.) (10 лица)
  • Учество на целните групи на Буџетски Форум на Општина Центар (2 сесии) – декември 2017 (одржани на 04.12 2017 и 11.12 2017) Вкупно присутни регистрирани пензионери 34 иако се смета дека бројот е поголем. Претставници од Здружението на пензионери на Општина Центар, граѓани постари лица. – активност планирана за ноември 2017 остварена во декември заради промена на власта во Општината и административните процедури на проектот

Јануари

  • Остварени мнозина состаноци со претставници од целните групи и со активистите/волонтери за тековно спроведување на активностите- посетени 4 клуба на пензионери во Општина Центар и средби со граѓани од истите на кои беа претсатавени дополнително активностите на проектот и постигнати договори за соработка со раководителите на клубовите, реализиран состанок со директорката на О.О.У.Ј.Х. Песталоци за усогласовање на слободните термини за салата во новата учебна година, организирана просторија (канцеларија за млади на Општина Центар за спорведување на работилниците со старите лица за трансфер на редовни меѓу-генерациски знаења и вештини од дигиталните и информатичките технологии, воспоставен контакт со ИТ обучувач, остварен контакт и договор за средба со нутриционист во текот на месец фебруари кој ќе одржи бесплатно советување за постарите лица за исхрана наменета за нивната возраст (Јануари 2018) (50 лица)
  • Два Тематски отворени денови (Ноември 2017 и април 2017) 1 (еден) Тематски Отворен Ден реализиран на 16 јануари 2018 година со Советниците на Општина Центар во Салата на советот на Општина Центар (реализиран во јануари наместо планираниот во Ноември поради промената на власта во Општината) (20 граѓани вклучително советници од општината)
  • Организирање на физички активности во локалните основни училишта или во природа – (планирани вкупно 5 вакви активности во целокупно времетраење на проектот), реализирани 2 (две) активности: прва средба 17.01 2018, втора средба 29.01 2018 јануари 2018 (Декември 2017, Јануари, Март, Април 2018 заради регистрацијата на проектот физичките активности се остварени две во јануари и закажана наредна средба за фебруари 2018 година) (вкупно присутни 31 граѓанин)