Проектната иницијатива „И старите можат“ ја имплементира Локалната агенција за развој, Струга.

Проектните активности се насочени кон бесплатни предавања од областа на медицината, часови за здраво готвење, психофизички вежби наменети за возрасни лица, дружење и убави корисни активности за сите над 60 години од Охрид, Струга, Дебарца. Проектната активност ќе се реализира од јануари до мај 2018.

Проектната иницијатива е во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, Црвениот крст на Република Македонија и здружението Хуманост како зеднички партнери во проектот, во активноста доделување на мали грантови на здруженија на граѓани.

Имплементирани активности:

Декември

Почетни средби со засегнати страни и промоција на проектот. Проектниот тим имаше средби со Здруженијата на пензионери од Охрид и Струга, Црвениот Крст во Охрид и Струга, Н.У. Музеј „Др. Никола Незглобински“ од Струга, Здружение на жени „Бисера“ од Охрид, Здружение на жени „Езерка“ од Струга и индивидуални постари граѓани кои беа информирани за проектот. Во разговорите со нив беа идентификувани темите за кои тие би сакале повеќе да дознаат (во врска со медицинските предавања) и можни термини на одржување кои им одговараат.

13 Декември – Катерина Василеска имаше настап на локалната ТВМ во главните вести каде го промовираше проектот. Беа изработени флаери и постери кои беа објавени преку социјалните мрежи за да допрат до семејствата на пензионерите, и беа дистрибуирани меѓу самите постари лица, залепени на фреквентни места.

23 Декември – Одржани две предавања на тема „Дегенеративни заболувања“ од д-р. Благоја Ѓеорѓиески спец.физијатар во Охрид и во Струга. На двете предавања учествуваа 50 пензионери.

Флаер