Малиот проект „Градиме подобра иднина“ се имплементира од страна на здружението Сумнал.

Проектната иницијатива е во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, Црвениот крст на Република Македонија и здружението Хуманост како зеднички партнери во проектот, во активноста доделување на мали грантови на здруженија на граѓани.

Главни активности на проектот

 А 1: Информирање на заедницата и креирање на листи со учесници во проектот од стари исклучени лица под социјален ризик и млади припадници на ромската заедница;

А 2: Уредување на простор за социјален клуб за социјализација и дружење на старите лица, спроведување на едукација и обуки за активно учество;

А 3: Дизајнирање и спроведување на сет  од 20 заеднички обуки за користење интернет и паметни телефони

А 4: Спроведување на сет од 20 тематски работилници;

А 5: Заедничка работа во пишувањето на сценарија и избор на теми за 10 кратки документарни филмови;

А 6: Организација и спроведување на 10 јавни настани за промоција на кратките документарни филмови во 6 различни градови на Република Македонија каде доминантно живее ромското население.

Реализирани активности во рамки на проектот ноември-декември:

Ноември:

Во текот на месец Ноември освен што технички се завршуваа активностите во рамки на проектот кои беа предвидени како што се :

  • Прва недела од ноември се одржа состанок со претставници на организациите кои се носители на проектот – Црвен крст и Хуманост- Скопје
  • Средината на ноември се почна процедурата за Регистрирање на проектот во Секретаријат за Европски прашања
  • Последната недела од ноември се поднесе и документација за Регистрирање на проектот во Управа за јавни приходи
  • Трета недела од Ноември – Одбележување на Неделата на старите лица во соработка со Црвен крст  и Хуманост во просториите на Сумнал.

Исто така во текот на месец Ноември  односно во втората недела од ноември се спроведе и првата активност предвидена со проектот, а тоа е информирање на заедницата и креирање на листи со учесници во проектот од стари исклучени лица под социјален ризик и млади припадници на ромската заедница;Во текот на втората недела се започна и  Уредување на простор за социјален клуб за социјализација и дружење на старите лица, спроведување на едукација и обуки за активно учество; И во третата и четвртата недела од месец ноември се започна со Реализација и Дизајнирање и спроведување на   сет  на заеднички обуки за користење интернет и паметни телефони и во истиот период се спроведоа 10  работилници од вкупно  20 предвидени работилници.

Декември:

Во текот на месец декември се  спроведоа сет од  10  работилници  за користење на интернет  и паметни телефони;

Работилници одржани на 01.12.2017 година, на овие две работилница учествуваа 18 стари лица и 7 млади на теми:

Најдобар мобилен телефон за стари лица и  преглед на мобилен телефон на истите учествуваа 16 лица.

Работилници одржани на 04.12.2017 година, овие две работилници беа  на теми:

Користење на паметни телефони и алатки и опции за користење на паметни телефони на истите учествуваа 17 лица.

Работилница одржаана на 06.12.2017 година на теми:

Иновации во телефони за стари лица и како да се јават старите лица во странство преку мобилен телефон на истите учествуваа 18 лица.

Работилница одржана на 12.12.2017 година на тема:

Користење на Вибер како наједноставна бесплатна алатка на истата учествуваа 19 лица.

Работилница одржана на 15.12.2017 година на тема: Користење на Skype преку мобилен телефон на истата учествуваа 17 лица.

Работилница одржана на 19.12.2017 година на тема:  Како да се избере мобилен телефон за постара личност на истата учествуваа 16 лица.

Работилница одржана на 22.12.2017 година на тема:  Како да се јават на СОС линијата и на некои други поважни телефони ( полиција, пожарна, брза помош) на истата учествуваа 18 лица.

Јануари:

Во текот на месец Јануари се  спроведоа сет од  3 тематски   работилници од предвидените 20 во текот на имплементирањето на проектот  наменети  за старите лица и младите од заедницата;

–  I  работилница од предвидените 3 тематски работилници во текот месец јануари се одржа на 16.01.2018 година со почеток во 13:30 часот на тема Права од законот за социјална заштита (Вонинституционалната заштита, Институционалната заштита  и Установи за вонинституционалната социјална заштита) на истата учествуваа 13 стари лица и 6 млади односно 19 лица од заедницата.

– II работилница се одржа на 18.01.2018 година со почеток во 13:30 часот на тема Здраво стареење каде учествуваа 16 стари лица и 8 млади односно 24 лица од заедницата.

– III работилница се одржа на 23.01.2018 година со почеток во 14 :00 часот на тема Старите лица и нивното слободно време на истата присуствуваа 15 стари и 7 млади од заедницата односно 22 лица од заедницата.

На овие три работилници се дискутираше колку старите лица се запознаени со социјалната заштита која се нуди за нив , нивните права од Законот за социјална заштита како што се Вонинституционалната заштита, Институционалната заштита  и Установи за вонинституционалната социјална заштита. Исто така се разговараше за здраво стареење кај старите лица значењето на проблемот како и здравствените потреби и здравствената состојба на старите лица и правото на здравствена заштита. Воедно на  една од овие три работилници се разговараше и за старите лица и слободното време како тие го поминуваат свето слободно време и како можат слободното време да го поврзат со здравјето и иако се во поодминати години сепак треба да си посветата внимание повеќе за себе, да пешачат на чист воздух  како и да се дружат меѓусебно со своите генерациски врсници.