Месец: м.г

УНИВЕРЗИТЕТ ТРЕТО ДОБА, СКОПЈЕ И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА старите лицА -проектна иницијатива на ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

Универзитет трето доба Скопје и социјална инклузија на старите лица- проектна иницијатива на Здружение за алцхајмерова болест. Проектната иницијатива е во рамките на регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Република Македонија и здружение Хуманост од Скопје, мрежа Инлузива М, како зеднички партнери во проектот) Опис на проектот: Проектот “Универзитет трето доба Скопје и социјална инклузија на старите лица”, има за цел креативно оспособување и едукација на старите лица за поголема социјална инклузија во активностите на заедницата. Преку активностите на овој проект, а тоа се работилници и предавања за лицата од трето доба, ќе стекнат зголемување на способностите да бидат помотивирани и креативни, исто така и способни да се вклучат покреативно во осмислување на својот живот и креативно слободно време. Да создаваат креативни производи за себе и за другите, да се чувствуваат повеќе исполнети и задоволни. Можат да си помогнат на самите себе, да дадат совет на свои блиски стари лица и креативно да го исполнат слободното време. Тие ќе ги зголемат своите знаења за подобрување на здравствената состојба,  како подобро да се грижат за сопственото здравје и да го подобрат квалитетот на исхрана преку познавање на начините и видови на здравата храна. Како резултати на проектот се очекуваат: 200 стари лица ќе се...

Read More

Социјална вклученост на стари лица преку интеграциска размена на знаења и вештини со млади лица-Проектна иницијатива на здружение Еко Логик

Социјална вклученост на стари лица преку интеграциска размена на знаења и вештини со млади лица проектна иницијатива на здружение Еко Логик Проектната иницијатива е во рамките на регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Република Македонија и здружение Хуманост од Скопје, мрежа Инлузива М, како зеднички партнери во проектот) Старите лица се ретко се повикани и/или вклучени  во јавни настани, дискусии за секојдневни теми/проблеми, забавни работилници, дружење со деца и/или млади луѓе со цел размена на меѓугенерациски мислења, искуства, и знаење во разни теми, со акцент на темата екологија во и надвор од домот . Ова се должи и на недоволната информираност на старите лица, но и на инертноста на организациите и/или младите лица за вклучување на старите лица во дел од секојдневните активности во дадено општетсв и/или заедница. Немањето на одржливи, забавни и ефикасни алатки кои се специјално креирани со цел размена на знаења и вештини, како и изучување на функционалноста и работењето на дигитални и информациски технологии. Идејата е да се креира и тестира алатка која ќе ги здружи помладите и постарите генерации,  и ќе потпомогне за воспоставување и подобрување на социјалните врски помеѓу истите. Активност 1: Информативни состаноци Активност 2: Креирање на концепт на работилници, стратегија за комуникација и промоција, и...

Read More

Информатичката технологија и третото доба-проектна иницијатива на Здружение за асистивна технологија Отворете ги прозорците Скопје.

Самодовербата и социјалната инклузија, предуслов за достоинствено стареење- проектна иницијатива на Здружение за асистивна технологија Отворете ги прозорците Скопје. Проектната иницијатива е во рамките на регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Република Македонија и здружение Хуманост од Скопје, мрежа Инлузива М, како зеднички партнери во проектот) Резиме Стареењето на населението во целиот свет е тренд што предизвикува бројни предизвици.     Развојот на технологиите од друга страна е рапиден и дополнително го продлабочува јазот за старите лица да се вклучат активно во општествените текови. ИКТ претставуваат предизвик за постарите граѓани, не само поради брзиот развој на технологиите, туку и заради физичките ограничувања на постарите. На пример, пристапот до компјутерот може да претставува пречка за постарите лица поради отежнатата моторика и перцепција, што може да се надмине со користење асистивни технологии. Доколку им се овозможи пристап на постарите лица до ИКТ, тие полесно би можеле да ги надминат предизвиците за учење на ИКТ и да имаат корист од можностите што ги нуди. Отворете ги прозорците креираше проект кој ја користи ИТ технологија  да овозможи старите лица да останат активен и составен дел на општеството, во согласност со нивните интереси и способности, и да се овозможи искористување и целосен развој на нивните потенцијали, во средината во која...

Read More

Самодовербата и социјалната инклузија, предуслов за достоинствено стареење- проектна иницијатива на Јустиција

Самодовербата и социјалната инклузија, предуслов за достоинствено стареење- проектна иницијатива на здружението Јустиција, Куманово. Проектната иницијатива е во рамките на регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Република Македонија и здружение Хуманост од Скопје, мрежа Инлузива М, како зеднички партнери во проектот) Во Ноември 2017 година беа подготвителните актвности за реализација на проектот самодовербата ис оцијалната инклузија, како и Недела за грижа на стари лица. На 18- ти Декември 2017 година, се оддржа во рамките на проект на Јустиција Самодовербата и социјалната инклузија – предуслов за достоинствено стареење Прва едукативно креативна работилница од 8( осум) а во соработка со Здружение на пензионери Куманово, 18.12.2017 година, од 10-12 часот, Центар за култура, Куманово Проектот се реализира како под -проект во рамките на регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Република Македонија и здружение Хуманост од Скопје, мрежа Инлузива М, како зеднички партнери во проектот). Објава на фејсбук Објава на порталот Будност Објава на ТВ Плус Јустиција, како членка на Координативното тело и Инклузива М (мрежа за социјална инклузија на стари лица) , и во рамките на својата Програма за стари...

Read More

Социјализација на стари лица-проектна иницијатива на Центар на заедницата на општина Центар

Центарот на заедницата на Општина центар како имплементатор на проектот “Социјализација на стари лица“ на 17.01.2018 година во свечената сала на ООУ J.Х. Песталоци почна со реализација на бесплатни физикални вежби наменети за возрасните лица од Општина Центар. Целта на оваа активност е да ја подобриме физичката активност и физичкото здравје на возрасните од нашата општина како и да го унапредиме нивниот социјален живот. Оваа активнпост е дел од предвиденитете активности во рамките на овој проект. Центарот на заедницата на Општина центар во соработка со Општина Центар продолжува да се грижи за социјалниот живот на повозрасната категорија на граѓани. Ги покануваме сите заинтересирани возрасни граѓани од Општина Центар да се приклучат кон оваа активност и да присуствуваат на наредната средба закажана за 29.01 2018г во 18 часот во О.О.У Ј.Х. Песталоци. Сите заинтересирани своето учество може да го потврдат на 3203 680 или bisera.kajmakoska@cccentar.mk Овој проект е дел од Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија и финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската Агенција за развој, а имплементиран од Црвениот крст на Македонија и Здружението Хуманост како заеднички партнери во проектот. Имплементирани активности: Ноември Информативни состаноци со претставници од целните групи (постари лица, претставници од Здружението на пензионери на Општина Центар, едукатори за ИТ и физички вежби) – Ноември 2017, Декември 2017, Фебруари 2018 (10 лица) Декември Информативни состаноци...

Read More
  • 1
  • 2

Големина на буквите

  • A  A  A