Месец: м.г

Студиска посета во Србија во рамки на Регионалниот проект „Преземи акција за социјална инклузија на старите лица“.

Од 20-24 декември 2017 година во Србија, беше спроведена студиска посета за размена на искуства од реализација на активности за социјална вклученост на старите лица, во организација на Црвениот крст на Србија. Оваа посета се оствари во рамки на Регионалниот проект кој се имплементира преку Црвениот крст на Србија како проект координатор, во партнерство со Црвениот крст на Австрија, Црвениот крст на Македонија, граѓанското здружение „Хуманост“ од Македонија, Црвениот крст на Црна Гора и граѓански здруженија од Албанија и Босна и Херцеговина.  На студиската посета учествуваа претставници на проектните тимови и членки на мрежата ИнклузиваМ од Македонија, како и претставници на проектниот тим и мрежата на граѓански здруженија од Црна Гора.  Од Македонија присуствуваа претставници на проектен тим на Црвен крст на РМ, Хуманост и  Здружението за алцхајмерова болест. На 21.12.2017 година во Црвениот крст на Србија беше организиран состанок со членките на мрежата Хуманас, на кој координаторот на проектните активности на Црвениот крст на РМ ги презентираше резултатите од направеното истражување за потреба од отворање на сервиси за социјални и здравствени услуги за старите лица. На состанокот беа претставени активностите на членките на Хуманас за социјална инклузија на старите лица. Од страна на претставници од граѓанска иницијатива од Белград беа презентирани финансиските  процедури согласно Европските стандарди, како и за правилата за видливост. За време на студиската посета беше овозможена посета на Волонтерскиот сервис во Звездара, Белград, на која...

Read More

Потреба од социјални и од здравствени сервиси за старите лица

Превземи: Анализа од спроведено истражување на тема: „Потреба од социјални и од здравствени сервиси за старите лица   Shkarkoni: Analizë e hulumti mit të zbatuar në temën: “Nevoja për shërbimet sociale dhe shëndetësore për personat e moshuar”...

Read More

Претставување на резултатите од истражувањето на тема: „Потреба од социјални и здравствени сервиси за старите лица“

Во рамки на одбележувањето на „Неделата на грижа на старите лица“, на 21 Ноември во Црвениот крст на РМ се одржа прес конференција на која беа претставени резултатите од истражувањето на тема: „Потреба од социјални и од здравствени сервиси за старите лица“, спроведено во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската унија, кој Црвениот крст на РМ го имплементира во партнерство со здружението Хуманост. На прес конференцијата се обратија: д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на РМ, д-р Елми Азири, заменик министер на Министерството за труд и социјална политика, д-р Гоце Чакаровски, заменик министер на Министерството за здравство и г-ѓа Амбасадор м-р Ренате Коблер на Австриската Амбасада во Р.Македонија. Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, д-р Саит Саити, истакна дека со вложување на заеднички напори ќе може унапредено да се партиципира во политички дијалог со цел да се влијае врз процесите на креирање на политиките и носење на одлуките за подобрување на квалитетот на живеење на старите лица. Исто така, тој ги истакна и резултатите од истражувањето дека Р. Македонија се соочува со зголемен број на старо население. Со 15% старо население над 60 години, на последниот попис во 2002 година, Република Македонија го надминува коефициентот на старо население од 12%. Според статстичките податоци старото население во 2008 година  учествува со 16,6% во вкупното население во РМ....

Read More

Големина на буквите

  • A  A  A