Црвениот крст на Република Македонија и Здружението Хуманост имаат чест да Ве поканат на Панел дискусија на тема: „Потреба од отворање на сервиси за социјални и здравствени услуги на старите лица”, која ќе се одржи на 21.11.2017 година (вторник), со почеток во 11.00 часот.

Панел дискусијата се организира во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” финансиран од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението Хуманост.

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите до 17.11.2017 година на е – маил petkovska@redcross.org.mk или sashejovanov@humanost.org.mk.

Превземи:

покана за панел дискусија

програма за панел дискусија