Неделата на грижа на старите лица“Сите сме нивни деца“.
Црвениот крст на Република Македонија, Хуманост и членките на мрежата ИнклузиваМ, од 20 до 26 ноември 2017 година ја одбележуваат „Неделата на грижа на старите лица“ под мотото: „Сите сме нивни деца“. Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување на грижа и помош на старите лица. Во рамките на Регионалниот Проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската унија, со финансика поддршка на Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, кој Црвениот крст на РМ го имплементира во заедничко партнерство со здружението Хуманост, обезбедена е поддршка за одбележување на неделата, за што се подготвени промотивни материјали флаери со пригодна содржина за информирање на старите лица за нивните права од социјална и здравствена заштита. Во рамките на проектот минатата година формирана е мрежа на здруженија на граѓани за социјална инклузија на старите лица – ИнклузиваМ, кои членки се вклучени во одбележување на Неделата. Црвениот крст на РМ во соработка со здружението Хуманост на 21 ноември 2017 година ќе организира прес конференција со цел да се споделат резултатите од спроведеното истражување за потреба од отворање на сервиси за социјални и здравтвени услуги на старите лица. На 21 ноември ќе се организира и Панел дискусија на тема: „Потреба од социјални и здравствени сервиси...
Read More