Црвениот крст на Република Македонија и Здружението Хуманост во рамки на  Регионален проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица”, финансиран од Европската Унија спроведоа сеопфатно истражување.

На почетокот на проектот беше спроведена анализа на ситуацијата, која обезбеди информации за релевантните субјекти, празнини во политиката, услугите и потребите на старите лица, како и капацитетите на здруженијата на граѓани. Врз основа на анализата беше подготвен  стратешки план на мрежата за период од три години. За зајакнување на капацитетите на членките на ИнклузиваМ организирана беше работилница за застапување и утврдување на приоритетни прашања за  застапување (развој на сервиси за стари лица во домашни услови и потреба од отворање на геронтолошки одделенија во рамките на болниците.) На работилницата беше утврден еден од овие два приоритети за кој беше потребно да се спроведе истражување за да се обезбедат податоци за потребата од отворање на сервиси за социјални и здравствени услуги за старите лица во домашни услови.

Истражувањето претставува основа за подготовка на Стратегија за застапување на темата која е предмет на истражувањето, и истражувањето ќе се публикува и промовира во јавноста наскоро.