Универзитетско трето доба

Реализирани активности за периодот  мај- јули 2017 година

Во текот на овие три месеци Универзитетот Трето доба – Скопје реализира неколку активности. Се одржаа вкупно 8 предавања, а Годишната програма  на УТД е целосно реализирана. Официјален настан беше организиран со цел да се одбележи крајот на академската година, каде беа доделени Дипломи и беа направени официјални фотографии.

Се одржаа неколку екскурзии и тоа во с. Манастир-Мариово, Мала Речица-Тетово и манастирот Св. Јован кај селото Слепче, Демир Хисар, како и селото Смилево. Исто така беше организирана и посета на селската библиотека во Бабино и изворите на Црна Река. Организиранаи беа  и летни екскурзии во Грција и Албанија.

Во периодот од 30 јуни до 1 јули беше организиран успешен семинар на тема “Животот во трета доба без лекови”, со финансиска поддршка од Град Скопје во кој учествуваа 30 учесници. Предавач беше Рада Бошковска, многу позната медиумска личност во Македонија која има големо познавање на ова поле, а Перо Дабески од Гостивар, експерт во областа на пчеларството и здрави лекови повеќе од 20 години.