Светската популација старее, а Македонија не е исклучок. Статистичките податоци покажуваат дека околу 15% од луѓето во нашата земја се од 60 години или постари. Поттикнувањето и обезбедувањето здрав и активен начин на живот за нив е одличен начин за промовирање на нивните вредности и богато искуство.

 

Во Градскиот Црвен Крст на Скопје активно функционира дневен центар за стари лица и сервис за нега во домашни услови.

Тимот составен од 5 медицински сестри и 12 волонтери редовно спроведуваат домашни посети, додека социјален работник и психолог организираат програмски активности во дневниот центар, со цел да развијат форми на вонинституционална заштита и да обезбедат грижа и здравствена заштита за старите и изнемоштени лица.

Домашната нега е наменета за 180 изнемоштени стари лица, додека дневниот центар е отворен за сите активни лица постари од 65 години кои се заинтересирани за програмата.

Посетите за домашна нега се одвиваат во неколку области, кои се дел од општините: Центар, Кисела Вода, Чаир, Карпош, Бутел, Шуто Оризари, Ѓорче и Сарај. Постојат три локации на дневните центри:  Локалната канцеларија на Црвениот крст Чаир ( до општинската зграда Чаир 02/2621 924), Дом на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” (ул. 11 Октомври 42а 02/3228 347) и во општина Сарај во ОУ “Диторија”.

Корисници на домашна нега се обезбедени со следните услуги:  мерење на шеќер во крвта; мерење на крвен притисок;  контакти со матичниот лекар ; давање лекови; совети за медицинска терапија; совети за исхрана; придружба за посети на  матичен лекар, прошетки и шопинг; разговори и социјални активности; храна; Помош со административна работа итн.

Корисниците на дневниот центар се обезбедуваат со следниве услуги: Образовни курсеви во корисни и интересни работи; комеморација на годишните активности на Црвениот крст; организирање на заеднички игри; уметничка работилница; Чигонг вежби, прослава на родендени и празници,  организирани прошетки и патувања; управување со секакви креативни работилници; различни теми дискусии; музички активности. Исто така тимот одговорен во дневниот центар е стриминг за да ги активира и мотивира луѓето во трето доба да имаат активно секојдневна рутина и да промовираат активен начин на живот во трето доба.

Една од активностите реализирани во месец мај беше изложба на уметнички слики направени од корисниците во дневниот центар. Изложбата беше актуелизирана во уметничката галерија “Кочо Рацин” и беа промовирани 150 слики. Шестмесечната работа на корисниците беше тема на македонската културна вредности. Ментор на работилницата беше г-дин Стојче Тоциновски уметнички професор. На овој начин луѓето во трето доба се мотивирани да прават вредни слики преку креативен процес на учење и да го промовираат активното стареење на забавен начин.

Овој проект е поддржан од Австрискиот Црвен крст, Австриската развојна соработка, Град Скопје и Фондацијата Албиз.