Работилницата – Како да се напише успешен предлог проект финансиран од Европска Унија, организиран во рамките на проектот „Превземање на акција за социјална инклузија за стари луѓе“ одржана во Сараево од 19-21 јуни 2017 година.
Запознавањето со други учесници , од организации членки на мрежата од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Словенија, како и од Аврстрискиот Црвен крст , како и работење во пленарни сесии, и групи, со целосна отвореност за прашања , во духот на разбирање, со презентација на присутните организации и нивните активности во рамките на сопствените држави, посебно со конструктивен дијалог,

Претставниците од ИнклузиваМ, стекнаа опсежни знаења за имплементираните актвиности на мрежата и што се случува на планот на социјална нклузија на старите лица во регионот.

Предавачите како и претставникот на Делегација на Европска Унија од Босна и Херцеговина, ни овозможија знаења од областа на ЕУ институциите поврзани со финансирањето на проектите, како да се чита најлесно Водичот за повикот за предлог проекти, како да се напише успешна Концеп нота (концепт предлог проект) , анализа за идентифицирање на проблем, цели, резултати, активности .

Посебно корисно беше поврзување на организации со слични по мисија и визија активности, стекнување на стандардизирани знаења за оваа група, што ќе придонесе за успешна регионална соработка и регинални проекти, а во иднина и кон повисоката цел – Социјална инклузија на старите лица во општетствата на членките на оваа регионална мрежа.