Месец: м.г

Спроведено истражување во рамки на проектот “Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица

Црвениот крст на Република Македонија и Здружението Хуманост во рамки на  Регионален проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица”, финансиран од Европската Унија спроведоа сеопфатно истражување. На почетокот на проектот беше спроведена анализа на ситуацијата, која обезбеди информации за релевантните субјекти, празнини во политиката, услугите и потребите на старите лица, како и капацитетите на здруженијата на граѓани. Врз основа на анализата беше подготвен  стратешки план на мрежата за период од три години. За зајакнување на капацитетите на членките на ИнклузиваМ организирана беше работилница за застапување и утврдување на приоритетни прашања за  застапување (развој на сервиси за стари лица во домашни услови и потреба од отворање на геронтолошки одделенија во рамките на болниците.) На работилницата беше утврден еден од овие два приоритети за кој беше потребно да се спроведе истражување за да се обезбедат податоци за потребата од отворање на сервиси за социјални и здравствени услуги за старите лица во домашни услови. Истражувањето претставува основа за подготовка на Стратегија за застапување на темата која е предмет на истражувањето, и истражувањето ќе се публикува и промовира во јавноста...

Read More

Реализирани активности на УТД

Универзитетско трето доба Реализирани активности за периодот  мај- јули 2017 година Во текот на овие три месеци Универзитетот Трето доба – Скопје реализира неколку активности. Се одржаа вкупно 8 предавања, а Годишната програма  на УТД е целосно реализирана. Официјален настан беше организиран со цел да се одбележи крајот на академската година, каде беа доделени Дипломи и беа направени официјални фотографии. Се одржаа неколку екскурзии и тоа во с. Манастир-Мариово, Мала Речица-Тетово и манастирот Св. Јован кај селото Слепче, Демир Хисар, како и селото Смилево. Исто така беше организирана и посета на селската библиотека во Бабино и изворите на Црна Река. Организиранаи беа  и летни екскурзии во Грција и Албанија. Во периодот од 30 јуни до 1 јули беше организиран успешен семинар на тема “Животот во трета доба без лекови”, со финансиска поддршка од Град Скопје во кој учествуваа 30 учесници. Предавач беше Рада Бошковска, многу позната медиумска личност во Македонија која има големо познавање на ова поле, а Перо Дабески од Гостивар, експерт во областа на пчеларството и здрави лекови повеќе од 20...

Read More

Социјално вклучување на лицата од трето доба

Светската популација старее, а Македонија не е исклучок. Статистичките податоци покажуваат дека околу 15% од луѓето во нашата земја се од 60 години или постари. Поттикнувањето и обезбедувањето здрав и активен начин на живот за нив е одличен начин за промовирање на нивните вредности и богато искуство.   Во Градскиот Црвен Крст на Скопје активно функционира дневен центар за стари лица и сервис за нега во домашни услови. Тимот составен од 5 медицински сестри и 12 волонтери редовно спроведуваат домашни посети, додека социјален работник и психолог организираат програмски активности во дневниот центар, со цел да развијат форми на вонинституционална заштита и да обезбедат грижа и здравствена заштита за старите и изнемоштени лица. Домашната нега е наменета за 180 изнемоштени стари лица, додека дневниот центар е отворен за сите активни лица постари од 65 години кои се заинтересирани за програмата. Посетите за домашна нега се одвиваат во неколку области, кои се дел од општините: Центар, Кисела Вода, Чаир, Карпош, Бутел, Шуто Оризари, Ѓорче и Сарај. Постојат три локации на дневните центри:  Локалната канцеларија на Црвениот крст Чаир ( до општинската зграда Чаир 02/2621 924), Дом на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” (ул. 11 Октомври 42а 02/3228 347) и во општина Сарај во ОУ “Диторија”. Корисници на домашна нега се обезбедени со следните услуги:  мерење на шеќер во крвта; мерење на крвен притисок;  контакти со матичниот лекар ; давање лекови; совети за...

Read More

Работилницата – Како да се напише успешен предлог проект финансиран од Европска Унија

Работилницата – Како да се напише успешен предлог проект финансиран од Европска Унија, организиран во рамките на проектот „Превземање на акција за социјална инклузија за стари луѓе“ одржана во Сараево од 19-21 јуни 2017 година. Запознавањето со други учесници , од организации членки на мрежата од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Словенија, како и од Аврстрискиот Црвен крст , како и работење во пленарни сесии, и групи, со целосна отвореност за прашања , во духот на разбирање, со презентација на присутните организации и нивните активности во рамките на сопствените држави, посебно со конструктивен дијалог, Претставниците од ИнклузиваМ, стекнаа опсежни знаења за имплементираните актвиности на мрежата и што се случува на планот на социјална нклузија на старите лица во регионот. Предавачите како и претставникот на Делегација на Европска Унија од Босна и Херцеговина, ни овозможија знаења од областа на ЕУ институциите поврзани со финансирањето на проектите, како да се чита најлесно Водичот за повикот за предлог проекти, како да се напише успешна Концеп нота (концепт предлог проект) , анализа за идентифицирање на проблем, цели, резултати, активности . Посебно корисно беше поврзување на организации со слични по мисија и визија активности, стекнување на стандардизирани знаења за оваа група, што ќе придонесе за успешна регионална соработка и регинални проекти, а во иднина и кон повисоката цел – Социјална инклузија на старите лица во општетствата на членките на оваа регионална...

Read More

Социјалното претприемништво како глобален фактор за економски развој и одржливотст на здруженијата

Социјалното претпријатие на  здружението Хуманост (Скопје), е добитник на еден од 10-те грантови кои ќе ни помогне во развивање на нишиот бизнис план во рамки на проектот „Смарт Стар“ раководен од ЦИКМ. Покрај грантовите, ЦИКП ни овозможи и менторска поддршка од компанијата Адора Инженеринг. Повеќе за настанот кликнете тука...

Read More

Големина на буквите

  • A  A  A