Од 3 април здружението Хуманост како избран провајдер на услугата „Нега на стари лица во домашни услови“, од страна на општина Центар, започна со реализација на пилот проектот „Центар се грижи за возрасните“ .

Секој корисник кој има аплицирано за нега во општина Центар, ќе добива услуга- нега три пати неделно, по два часа. За возрасните опфатени со овој пилот проект ќе се грижат професионални негуватели, кои ги поседуваат потребните сертификати . Активностите ќе ги координираат лица одговрни за реалзиација на оваа активност како и социјален работник, кој ќе подготвува досие за секој корисник, детална анамнеза и план за работа. На овој начин, секој корисник ќе добие индивидуализирана грижа според личните потреби.

Со овој проект, максимум 120 возрасни лица, жители на општината, ќе добиваат професионална нега во нивните домови, без да имаат потреба од институционално сместување.

Негата од страна на негувател/ка во домашни услови е насочена кон:

Помагање во одржување на домот (чистење, готвење, пазарење, перење, пеглање)
Поддршка во извршување на секојдневните активности ( прошетка, социјализација, одржување на лична хигиена кај корисникот)
Промена на ергономски и медицински принципи во секојдневните активности (лесна масажа ивежби, комуникација со матичен лекар, придружба при рутински контроли и матичен лекар, мерење притисок, набавка на лекови)
Професионален и сертифициран тим кои се грижа на возрасните во домашни услови

Професионалните негуватели/ки помагаат да се врати балансот и квалитетот на животот на возрасните лица преку обезбедување на поддршка во секојдневниот живот,
Професионалните негуватели/ки помагаат во непречено извршување на домашните активности,
Професионалните негуватели/ки се грижат за заштита или враќање на самостојноста на корисниците на услугата и ги поддржуваат во нивниот социјален живот
Услугите се наменети за:

Услугите се наменете за возрасни лица над 62 години од територија на општина Центар, независно во каква здравствена или социјална состојба се наоѓаат.

Период и начин на користење на услугите:

Услугата е БЕСПЛАТНА за корисниците,
Три пати неделно посета по два часа од страна на негувател/ка
Еднаш месечно посета од страна на социјален работник
Доколку имате потреба од помош и нега во домашни услови од страна на професионален и сертифициран тим за давање на професионална нега во домашни услови или пак Ви требаат повеќе информации, јавете се на 077 963 672 или на е-маил: servis@humanost.org.mk

Поддржано од :