Иницијален состанок за проектот: “Креирање на можности за нови вработувања на жената“

На 21.02.2017 година, во просториите на Црвен крст на Република Македонија се одржа првиот иницијален состанок за проектот: “Креирање на можности за нови вработувања на жената“ во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента 4), финансиран од Европската Унија кој ќе се имплементира во партнерство со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст. Состанокот го отворија Генералниот секретар на Црвениот крст на Р.М, г-дин. Саит Саити и г-дин. Сашко Јованов, претставник од Здружението Хуманост, кои во своето обраќање истакнаа дека проектот претставува придонес кон реализација на националните стратегии за вработување и стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија и е потврда за развој на социјални програми за поддршка на ранливите целни групи во насока на подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот. Преку овој проект ќе се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени(40) над 40 годишна возраст на пазарот на трудот. Со проектот ќе се придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за грижа на стари лица во домашни услови, како и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на мобилни социјални услуги за стари лица во нивите домови. Учество и излагање на состанокот имаа и Ленче Коцевска, државен советник на Министерство за труд и социјална политика и Павлина Костовска – Грујоска, советник во Центарот за вработување на град Скопје....

Read More