hri_7392-300x199

Црвениот крст на Република Македонија и Хуманост во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија, од 14 до 16 септември 2016 година во центарот „Солферино“ во Струга одржаа Работилница за обезбедување на знаење за застапување базирано на докази и дефинирање на приоритетните области за истражување.

Целта на работилницата беше членките на мрежата ИнклузиваМ да се стекнат со одредени  знаења за застапување базирано на докази и дефинирање на приоритетните области за истражување на национално ниво за собирање и обработување на податоци кои ќе се користат како основа за изработка на стратегијата за застапување, како и конкретни активности за застапување.

На состанокот  учествуваа претставници на Црвениот крст на РМ, Хуманост, Сојуз на здружение на пензионери на РМ, Универзитет трето доба – Скопје, Здружение на болни од алцхајмерова болест, Здружение Јустиција, Здружение за развој на ромската заедница Сумнал и Локална агенција за развој од Струга. Со своето присуство активен придонес на работилницата дадоа и претставници на Министерството за труд и социјална политика,  Градот Скопје, Институтот за јавно здравје, Институтот за социјална работа и социјална политика и UNFPA.

На работилницата беше презентиран извештајот од направената анализа на ситуацијата во Македонија на стратешки документи, политики кои го третираат прашањето за стареење на населението во Македонија, како и капацитетите на граѓанските организации во земјата за застапување, врз основа на кој беа определени приоритетни прашања и цели за истражувањето кое е следен чекор во имплементација на проектните активности на мрежата не само во Македонија, туку и во останатите земји вклучени во регионалниот проект: Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Фотографии

Untitled-7                                Проектот е финансиран
од Европската Унија