makedonski Crven krst TRUE
 Humanost

Црвениот крст на Македонија е формиран на 17 март 1945 година; Црвениот крст на Република Македонија е признат како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 01.11.1995 а на 27 ноември 1995 година станува полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење. Како битни услови за признавање на националното друштво Црвен крст на Република Македонија се:

  • 1. Прифаќање на Женевските конвенции од 12 август 1949 и Дополнителни протоколи од 1977 Владата на Република Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува наведените документи;
  • 2. Собранието на Република Македонија на 26 јули 1994 година го донесе Законот за Црвениот крст на Република Македонија.

Црвениот крст на Република Македонија е единствена организација на територијата на Република Македонија, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и градот Скопје. Црвениот крст на РМ не претставува здружение на граѓани, но е доброволна, масовна, самостојна, невладина, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Македонија. Положбата и задачите на Црвениот крст, употребата и заштитата на амблемот и името на Црвениот крст, како и начинот на финансирање на задачите на Црвениот крст се уредени во посебен закон Закон за Црвениот крст на Република Македонија (Сл. Весник бр.41/94). Со Статутот на Црвениот крст на РМ поблиску се уредени поставеноста и структурата на Организацијата како и основните цели и задачи и истиот е во согласност со Статутот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

 

 

 

Визија на Црвениот крст на РМ

Нашето работење втемелено врз универзалните принципи, има моќ да го унапреди светот во кој живееме преку промовирање на мир и толеранција, ефикасна превенција, навремен одговор и соодветна поддршка за ранливото население.

 

Мисија на Црвениот крст на РМ

Да го спречи и ублажи човековото страдање каде да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и унапредување на здравствената и социјалната добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

 

Црвениот крст на Република Македонија е хуманитарна, волонтерска организација која делува согласно основните принципи на меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, работејќи на планот на обезбедување помош и услуги на ранливото население и промовирање на меѓународното хуманитарно право и хумани вредности.”

 

Црвениот крст на  Република Македонија своите цели и задачи ги реализира согласно основните принципи на движењето на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, кои се дефинирани во повеќе области на дејствување како што се здравствено – превентивна дејност, подготвеност и дејствување при катастрофи, дисеминација, социјално – хуманитарна дејност во која акцент се става на програмата за грижа на старите лица (мобилни тимови за грижа на стари лица во домашни услови, дневни центри за стари лица и центри за грижа на стари лица во домашни услови, Клубови на стари лица и традиционални активности насочени кон подигање на јавната свест за правата на старите  лица и потребната помош и поддршка  на старите лица).

 

  1. Контакт информации:

За организацијата: Црвен крст на Република Македонија

Адреса: Бул. „Кочо Рацин“ бр. 13 1000 –Скопје, Република Македонија

Телефон: 00 389 (0)2 311 43 55

E- маил: mrc@redcross.org.mk

Facebook:

Линк: www.redcross.org.mk

 

  • за одговорните лица на проектот:

 

Љупка Петковска, стручен соработник за социјално – хуманитарна дејност, Црвен крст на РМ, тел: 00 389 (0)71 223 897, petkovska@redcross.org.mk

 

Жаклина Поповиќ, стручен соработник за материјално и финансиско работење, Црвен   крст на РМ, тел: 00 389 (0)71 223 922,     popovic@redcross.org.mk

 

ХУМАНОСТ

Постоењето на Здружение ХУМАНОСТ е иницирано од група граѓани, сегашни членови на Здружението, врз основа на идентичноста на нивните уверувања и хуманитарни погледи во однос на постоењето на потребата за  лицата кои се изложени на ризик од осиромашување и општествено исклучување да ги добијат потребните можности и ресурси за целосно учество во економскиот, општествениот и културниот живот и за уживање на стандардните услови за живеење и социјална сигурност кои се сметаат за нормални во општеството во кое живеат. Ние ќе им овозможи нивно поголемо учество во процесот на донесување на одлуки кои влијаат врз нивниот живот и пристапот до фундаменталните права.

Мисија

Подобрување на условите за грижа на старите лица преку имплементација  на формите на вонинститутционално-социјална заштита и социјално  вклучување на старите лица во општеството

Цели
дружението за унапредување на условите за грижа и сместување на стари  и изнемогнати лица ‘’ХУМАНОСТ’’ од Скопје за периодот 2014-2018 година  ги има дефинирано следниве цели и активности:

Цел 1. Развивање на формите на вонинституционални социјална заштита на  стари и изнемогнати лица.

1.1. Сервиси за нега во домашни услови.
1.2. Отварање на Дневен центар за стари лица.
Цел 2. Едукација на асистенти за нега на стари лица во домашни услови.

2.1. Обуки на сертифицирани асистенти за нега на старите лица во  домашни услови.
2.2. Развивање и верицирање на нови програми за Геронтологија
Цел 3. Креирање на политики

3.1. Загарантирани права и развој на сопствените потенцијали кај старите лица
3.2. Aктивно учество во креирање на политика што директно влијаат на  старите лица
3.3. Споделување на знаењата и вештините на старите лица со младите генерации
3.4. Развој на локални сервиси за нега на старите лица
3.5. Развој на сервиси за нега на старите лица во домашни услови
3.6. Промовирање на активносто стареење
3.7. Промовирање на мобилноста и сицијалното вклучување на старите лица
3.8. Обебедување на квалитетен и достоинствен живот
3.9. Унапредување на сицијаната и здраствената заштита
3.10. Намалување на сиромаштијата кај старите лица
3.11. Креирање на акционен план за активно страеење
3.12. Пристап до сосодветни образовни програми (промовирање на  доживотното учење)
Цел 4. Унапредување на сорботката помеѓу младите и старите лица

4.1. Едукација на младите лица за работа со стари и изнемогнати лица
4.2. Потикнување на меѓугенерациска солидарност
4.3. Потикнување на социјалното претприемништво
4.4. Потикнување на волонтерзимот за помош и поддршка на старите лица
4.5. Малдински размени на теми блиски до работата на Хуманост
4.6. Креирање на проекти и креативни работилници со старите лица
Цел 5. Промовирање на социјално претприемништво

5.1. Присуство на обуки и работилници
5.2. Промовирање на социјалното претприемништо
5.3. Подготовка на бизнис план
5.4. Отварање на социјално претпријатие за нега на стари лица во  домашни услови

Цел 6. Вмрежување на Хуманост

6.1. Тековни активности со секретаријатот на МППС
6.2. Зачленување во Европската платформа за стари лица (Age Platform).
6.2. Формирање на неформална мрежа за старите лица.
6.3. Остварување на партнерства со национални и меѓународни невладини  организации.
6.4. Потпишување на меморандуми за соработка со сите приватните  установи за заштитат на старите лица

Контакт информации :
-За организацијата
ул. Призренска бр. 50/2, 1000 Скопје, Македонија
tel. 02 2666 113 локал 18
077 963 672
contact@humanost.org.mk
Димитар Павловски-Претседател

-За одговорното лице номинирано за координација на активностите на  мрежата
Сашко Јованов
077 963 672
sashejovanov@humanost.org.mk