Јустиција е основана на ден 06.12.2002 година, а регистрирана на ден  04.03.2003 година

Членка е на следните мрежи и коалиции:

  • Национален совет за родова рамноправност- НСРР/СОЖМ
  • Македонска платформа против сиромаштија
  • Коалиција граѓаните за Македонија
  • Национален совет за социјална инклузија на стари лица
  • Неформална мрежа Нови перспективи – нови предизвици , за миграции

Дејствува на територија на Република Македонија, национално, а посебно во Скопје, Куманово, Североисточен регион

13102787_10206516773780701_73452052777219210_n

 

Здружението, согласно Статут,  ги насочува своите активности кон следните цели:

– Заштита на човековите права и слободи

– Јакнење на граѓанската иницијатива

– Јавно делување  за правата на граѓанинот и реализација на правната заштита врз основа на Уставот, законите и меѓународното право

– Интеграција на Репубика Македонија на меѓународно ниво

– Промовирање на човековите права со посебен осврт на правата на жените, децата и старите лица

– Набљудување, застапување и лобирање за нова или промена на постојната законска регулатива

– Залагање за почитување на личноста, интегритетот и достоинството на граѓаните

– Родова  рамноправност

– Проширување и зацврстување на меѓусебна соработка , толеранција и разбирање

– Подигање на свеста на граѓаните за сите проблеми од правен, економски, културен, социјален и друг карактер и давање помош во нивно решавање

– Организирање на трибини, семинари, медиумски кампањи, и др.видови на јавно информирање на граѓанинот.

– Организирање на  различни облици на едукација и обука

– И други цели и задачи кои ќе произлезат од тековно работење на здржението.

– Здружението е здружение определено да развива различни облици на соработка  со други здруженија, организации и установи, локални и меѓународни, за остварување на своите цели.

13151947_10209719528493398_3414928558789083408_n

 

Визија на организацијата:

Организација која располага со човечки и технички капацитети кои директно и непосредно влијаат на подобрување на општата состојба за човековите права и слободи во општеството и во Републиката Македонија, постигнат е максимум во остварување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија , владеењето на правото и правдата,  основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со Уставот и меѓународното право, реализираните проекти говорат за нејзината улога.

Мисија на организацијата: 

Организација со своите човечки и технички капацитети непосредно да учествува, да влијае и да работи  на подобрување на општата состојба за човековите права и слободи во општеството и во Републиката, во остварување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија , владеењето на правото, правдата и  основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со Уставот и меѓународното право, како и со своите залагања и проекти да учестува во тој процес.

13233209_1101872656500603_784507772_n

Од позначајните проекти може да се издвојат:

  • Превземи акција за социјална инклузија на старите лица , регионален проект на Црвен крст на Република Македонија и Хуманост, во кој Јустиција е членка на неформален Совет за социјална инклузија на стари лица, јуни 2016 – тековно
  • Марш за родова рамноправност за подигање на свеста на јавноста за потребата од родова рамноправност , фебруари – март во 2015 и 2016,  редовен годишен проект на Јустиција
  • Портал будност.мк ( подигање на степенот на сознание на јавноста за активностите на граѓанските организации, нивните ставови, за кулутурата и уметноста и други општествени случувања , како и ставови на поединци), декември 2014 – активен
  • Woman Scream – International Festival of Poetry and Art , фебруари- март 2016 – меѓународен фестивал за подигање на гласот на жената и на уметниците , без оглед на родот, против родово базираното насилство)
  • Надеж – нови перспективи (миграции) – проект финансиран од Програмата за мали акциски грантови од ЦИВИКА Мобилитас- членка на неформална мрежа на организации од Североисточен регион фебруари 2016 – тековно
  • Петиција за заштита на уставно име на Република Македонија , (електронска петиција , со електронски потписи , испратена до ЕУ и ООН), декември 2012 – март 2013 година
  • Програма за заштита, на човекови права и слободи во РМ – истакнување на проблемите и давање на насоки за нивно решавање 2012 -2014

 

13346689_10209933252676369_909309340923154409_n

 

 

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ :

-За организацијата (адреса, тел.број,
официјален е-маил, име и презиме
на претседател)

Оливера Доцевска – Претседател
justicija_ku@hotmail.com
075 313 515
11 Октомври бр.42 а , 1000 Скопје
(адв.Оливера Доцевска, Пошта Скопје 2,
п.ф. 895, 1000 Скопје)

-За одговорното лице номинирано за
координација на активностите на
мрежата(име презиме, тел.број, е-маил);

Оливера Доцевска
075 313 515
olivera.docevska@hotmail.com

 

18613306608_d2a74ec0c6_o