Sumnal logo

 

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ  е основано во јуни 2004 година и одговара на потребите на државните училишта и на населбата Топаана кои се поврзани со исклучително слабиот успех на училиште, висока стапка на осип од училиштата, неписменост и мала свесност за важноста на образованието. За да се бори со овие проблеми, Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука.За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драматично се зголемија, иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели. Преку соработка со заедницата, соработка со Советот на родители и воспоставување блиски односи со локалните училишта, Сумнал е во можност да ги идентификува и да започне да излегува во пресрет на дополнителните потреби на заедницата. Денес, како дополнение на повеќе од 60 часа неделно образовни можности кои им се нудат за децата, Сумнал обезбедува широк спектар на образовни можности за сите членови на заедницата. Овие можности го вклучуваат следното, иако не се ограничени само на тоа:Правата на жените, подучување, посетување јавни настани, регистрација на граѓани, борба со сиромаштијата која е честа во околината, семејно насилство, хигиена и санитетско-здравствени мерки, вакцинирање, права на децата, описменување на возрасни, демократско учество, човекова средина и многу други.Напредокот на луѓето од Топаана е сигурен. Сепак, Сумнал почна да обезбедува средства и извори потребни за образование на исклучително големиот број возрасни луѓе и деца во населбата Топаана. Без сомнение, надежите, соништата и иднината на цела генерација е посветла поради напорите на тимот, волонтерите, партнерите и симпатизерите на Сумнал.

Главни програмски активности:

– Придонес за развој на образованието на Ромите со акцент на децата и младите

– Подобрување на социјалниот статус на Ромите во општеството

– Креирање подобра економска средина за вработување на младите Роми

– Активно учество на Ромите во општествените процеси

– Придонес во градење, развој и зајакнување на мултиетничката средина во Македонија и дијалог преку промоција на материјалната и духовната култура на Ромите кои живеат во Македонија.

Контакт информации :

-За организацијата

ул. Максут Садик бб , 00389 2 611 219 , sumnalb@yahoo.com , Фатма Бајрам Аземовска – претседател

-За одговорното лице номинирано за координација на активностите на

мрежата

Софија Петковска , 00389 71774-593 sofijapedagogija@yahoo.com

Елена Нешовска,    00389 78325-933 elena_nesovska@yahoo.com