OZP Logo

 

Организацијата на жените на Пехчево, или со скратено име ОЖП, е формирана во 1995 година како невладина, непартиска, непрофитна, неполитичка, доброволна организација- здружение на граѓани, без оглед на нивната национална, верска, политичка припадност, вработеност или професија.

 

Основни цели и задачи на Организацијата се да создава услови за организиран настап на постојана и интензивна општествена активност на жените,како и да ги следи,проучува и иницира прашањата што бараат општествено разрешување,а понепосредно се поврзани со унапредувањето на општествено економската положба на жените.

Дејности на организацијата се:

-Остварување на правата на жената утврдени со Уставот на РМ;

-Еманципација

-Економски и социјален развој на жената во руралната средина;

-Хуманост со активности и акции;

-Заштита на мирот и животната околина;

-Афирмирање,негување ,заштита и презентирање на традицијата и културата на живеење на жената;

-Грижа за стари изнемоштени и болни лица;

-Заштита на правата на децата.

 

Проекти:

 

     1.Проект:Мобилен патронажен тим за нега и грижа за стари,изнемоштени и болни лица „Добро утро,како сте?“,јануари 2012-октомври 2012год.со финансиска подршка од Институт за човекови права Лудвиг Болцман,МТСП на РМ,општина Пехчево.Буџет:620.000МКД;

Во проектот организиравме и реализиравме обуки на 20 невработени жени за основна нега на стари лица;со промоција на основните човекови права,правата од социјална и здравствена заштита,со печатење на летоци со извадоци од Законот за социјална заштита.

     2.Проект:„Со здружени напори кон нови европски стандарди во заштита на жената од родово базирано насилство“-март 2014-ноември 2014 год.,финансиски подржан од Европската комисија на Советот на Европа.Буџет:240.000МКД.

Од активности,реализиравме истражување,преку интервјуа,колку луѓето се запознаени со законските одредби за заштита на основните човекови права.

Истражување за најчестите видови насилство во нашата срединаи справување со насилниците.

     3.Проект:„Пехчевци горди на водопадите и Равна река“,од програмата за зачувување на природата на Швајцарската агенција за подршка-во траење од декември 2014-септември 2015 год.Буџет:490.800 МКД.

Активности:еко едукација,заштита на природата,користење на лековитите билки како природни аптеки за добро здравје-од страна на компетентни обучувачи,познати и признаени во РМ.

     4.Проект:„Седенка со повод“,од програмата на Мрежата за рурален развој на Република Македонија-МРРМ,март-мај 2015,со буџет 31.000 МКД

Преку активноста,реализирање на седенки,направивме истражување за потенцијалите,потребите и интересите на жените на село,во селските населби во општина Пехчево.

      5.Проект:„Со здружени напори кон нови европски стандарди во заштита на жената од родово базирано насилство“-март 2015-ноември 2015год.,финансиски подржан од Европската комисија на Советот на Европа.Буџет:180.000МКД;Проектот започнавме да го реализираме 2014година,а продолжува и во 2015 и 2016 год.

 

Контакт информации :
-За организацијата 075 471 395/033 441 174/070 206 898

Нада Симовска,070 206 898,na_da_si@yahoo.com
-За одговорното лице номинирано за координација на активностите на
мрежата(име презиме, тел.број, е-маил); Нада Симовска,070 206 898,na_da_si@yahoo.com