LDA-2016-B

 

Локалната Агенција за Развој (ЛАР) е основана во 2004 година од страна на УНДП Кластерот за Децентрализација и Добро Управување. При формирањето, применет е LEADER пристапот кој подразбира вклучување локални претставници од трите сектори (граѓански, приватен и јавен) при планирањето и имплементација на стратегиите/програмите/проектите. Со ова, ЛАР добива многу цврста основа и уникатно искуство од самиот почеток кое овозможи да има многу широк опфат на стратешки активности кои директно влијаат на локалното население, притоа задржувајќи висок квалитет и ефикасност при имплементацијата.

Успехот, квалитет и влијанието на самостојните локалните проекти, придонесе ЛАР да биде препознаена и барана за партнерства на национални, регионални и прекугранични проекти со што ја надмина почетната визија да биде Локална агенција за развој. Од 2012 година наваму, ЛАР делува во прекуграничниот регион со Албанија и во општините од југозападниот регион на Македонија, а особено општините Струга, Охрид, Вевчани и Дебарца.
Широкиот опсег на активности во различни сектори (меѓуетнички дијалог и соработка, одржлив туризам, социјално вклучување, одржлив човечки и економски развој и младинска програма) овозможи ЛАР во текот на 12 годишното постоење да спроведе 5 програми и да реализира 50  проекти и како резултат на тоа: воспоставени се модули за лидерство и активизам на млади и обучени се 1000 млади луѓе; дизајнирани се иновативни обуки за жени од руралните средини и обучени се над 200 жени како да се позиционираат на пазарот на труд; воспоставен е механизам за делување на Комисијата за меѓуетнички дијалог и Комисијата за родова еднаквост; зајакнати се капацитетите на 6 невладини организации од регионот; помогнато е формирањето на првиот Дневен Центар за Лица со Посебни Потреби во Струга, создадени се 5 тематски претстави, организирани се 14 изложби, 25 јавни дебати.
ЛАР е препознаена кај локалната заедница како професионален, независен и непартиски актер со капацитет да ги застапува интересите на своите конституенти.

Применувајќи го стекнатото искуство од претходниот период од различните сектори на делување, поддршката од конституентите и развиената мрежа на соработници; користејќи ги можностите за економски активности кои ги овозможува новиот закон за граѓанските организации и имајќи ги предвид потребите на населението во југозападниот регион, визијата на ЛАР за следниот период е  да биде пионер и лидер во регионот во областа на социјалното претприемништво.

Согласно на оваа мисија, ЛАР предвидува да пилотира/развие неколку модели на економска одржливост во кои ќе се остваруваат активности кои ќе служат за доброто на граѓаните пред се на ранливите групи. Остварениот приход ќе го реинвестира во иновативни локални акции за добробит на заедницата, и на тој начин ќе го зголемува своето влијание врз општествените промени во регионот и земјата

Контакт информации :
-За организацијата

Локална Агенција за Развој ул.Владо Малески ББ, 046784151
www.ldastruga.org
contact@ldastruga.org
https://www.facebook.com/ldastruga
https://www.youtube.com/user/StrugaLDA

-За одговорното лице номинирано за координација на активностите на мрежата

Одговорно лице за мрежата :
Катерина Василеска
077855155
katerina.vasileska@ldastruga.org