Проект за социјална инклузија на стари лица

  Подобрување на капацитетите на граѓанските организации и нивно вклучување во процесите на креирање на политики и донесување одлуки за социјално вклучување на старите лица во земјите од Западен Балкан на национално и регионално ниво има за цел регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“. Проектот е финансиран од Европската унија и ќе се имплементира во следните три години во Македонија, Алабанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во Македонија носители на проектот се Црвениот крст на Република Македонија и здружениоте „Хуманост“. Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити, на отворањето на првиот иницијален состанок на проект, рече дека со висок процент на старо население и поради комплексноста на прашањето за стареењето на населението Македонија има донесено национална стратегија за стари лица со која се идентификуваат приоритетните области и задачи за делување за подобрување на квалитетот на живеење на старите лица. Владата на РМ формира национално координативно тело за следење и евалуација на имплементацијата на стратегијата. Преку формирање на мрежата на граѓански организации ќе може да се партиципира во политичкиот дијалог со цел да се влијае во процесите на креирање на политики и носење одлуки за подобрување на квалитетот на живеење на старите лица во Македонија, истакна Саити. Посочи дека Црвениот крст на Македонија во шест општини во земјата веќе има развиено вонинституционални форми за социјална заштита на старите лица, како...

Read More